Драга
Се пакував веќе неколку пати а не ти пишав дека мразам да се пакувам.
Исто ко да не сум отишла никаде
Енивеј.
Конечно ми успеав да ја изненадам мајка и да и се појавам на врата без предупредување!
БАМ!
Уствари сите ги изненадив освен братучетките пошо они ми беа соучесници.
Најзакон реакции имаше. Вујко ми почна да пцуе на македонски, жими едната пцофка шо ја знае. Тетка ми сузи одма тука коа ме виде. Се загрижи како сум стигнала од ареодром пошо некој може да ме киднапира и фрли, нема врска што веќе стигната бев жива и здрава.
Внуците беа
такви!
И мајка ми конечно, последна дозна. Си појдов фино лепо дома, и направив вечера и чекавме со тетка ми да си дое. Тетка ми и се јави да и каже дека ко божем се скарала со вујко ми и отидена е кај неа.
Кога ме видде мајка ми и требаа 3 секунди да сфати шо се дешава, после ми рече дека сум ненормална и дојде да ме гушка и бацува.
Ми рече дека ко од небо да сум паднала
Закон беше
Се надевав дека ќе и го најдам станчето у хаос за да можам да ја замарам коа ќе ме тормози мене да средувам, ама нееееееее, ко у кутивче и е скоцкано и кога е сама!!
И така драга.
Периодов ми е весел, откривам пуно нови ствари и места и сум ваква
Запознавам и многу нови луѓе и водам интересни муабети.
Бев на првата забава местото беше опремено до врв! Според непотврдени извори, едно од најопремените
Одев наоколу и прашував што е што и луѓето ентузијастички ми објаснуваа. Пробав и некои ствари што беше уште позакон!
И така.
Решив во новава година да се активирам повеќе и да посетувам повеќе настани.
Бев и на два воркшопа.
Првиот беше ролркоустер од емоции. Кога се прибрав дома се залегачив и зјапав у една точка со една мисла > wat
Ми требаше време да се опраам.
Вториот беше океј, ништо од тоа што очекував. Знаеш она кога мислиш дека нешто е страшно ама испаѓа дека е само мех? Епа така..
Се спремам сега за 2 одмори и однапред те известувам дека ќе мразам да се пакувам!
Ох и ми умре лаптопот. Си купив нов и секако дека е виолетов!
Реакцијата на Пол кога му кажав беше зошто не сум изненаден и зошто воопшто прават виолетови лаптопи
Зошто луѓе како мене постојат Пол! Ете затоа!
Ај чао сеа.