Драга Кајгана (виртуелен дневник)

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.783
Поени од реакции
44.021
Одам да вадам пари од банкомат, ја ваѓам картичката од новчаник пикам - не оди. Проверувам дали работи банкоматот, гледам пишува "венесете ја вашата картичка", пробувам пак - не оди. Проверувам картичката да не ја држам наопаку, гледам таман е...пробувам пак - не оди. И позади ме потчукнува девојка ми и ми вика "абе што правиш со Спорт Лајф картичка на банкомат?!?". :pos:


И така решив денеска да одморам од спортска.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.076
Поени од реакции
74.816
Едно 6 години ми требаа да откријам дека на машинката на бричење сум имал уште неколку такви што се отварале за бричење на погуста брада и за обликување. Каков коњ глуп, по пола саат се бричев кога ќе запуштев брада, бркот морав прво со ножици да го кастрам :вонзем::facepalm::facepalm::facepalm:
Стискам едно копче, се отвараат нови сечила. Внатре гледам умрени бубачки :popce::popce::popce:

П.с. легендата вика дека има студент на економски факултет кој кога дипломирал не се сликал со статуата на Кирил и Методиј во ходникот или во дворот на факултетот:oleee:

Специјален едит за емисијата на Вучиќ: Типот треба да го погоди Ѓорѓи Чековски, ама поим нема од спорт и не го знае. И Вучиќ му вика првата буква е Ѓ.
И овој вика ЃЕЧЕВСКИ :pos::pos::pos:
 
Последно уредено:

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Кеј,

Јас кога бев 4-5 одд а кога ќе паднеше снег на водно фаќавме санките, кесите за лизгање, облекување фул и право на водно.

Е сега во денешново наше време и овие мајки ако му почне да ми тече носот на детето одма на лекар имало некоја бактерија ајде на лекови.

Како беше во време? Се уживаше во секоја детска игра ако некогаш бев болен се лечев по природен пат а не со милион апчиња и глупости и на крај помалку бев болен за разлика од сегашните деца што секоја зима креваат температура и тн.

FB_IMG_1448641411665.jpg
 
P

Patience

Гостин
Значи ова ми е најомразениот период од годината!!!!!!
Го мразам од дното на душата веќе години наназад!!!!!!!
Абе ми доаѓа да заспијам и да се разбудам таму негде после 20 јануари!!!!
:mad::mad::mad:

Глуп, поглуп не може да биде!!!!
Како постов е глуп!!!:mad:

Ајт...
 
G

Gosh

Гостин
Храна и вино - традиционална Македонска кујна , даска Свети Никола : салама, шунка и виршли од туна, капари и хумус...а ја неможам работа да најдам.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Пред еден саат се вратив од Скопје, јака им душа на сите кои живеат таму. Никогаш градот не ми се видел толку ужасен. Сиво, ладно, врнежливо, водено по улиците. На секој ќош тараби или карикатири на барокни градби, плоштадот изгледа како некој да игра шах со споменици.

Да ме врзат не би живеел во Скопје.
 
G

Gosh

Гостин
Иначе, ја ја ќитев елката денес, оти елка се кити пред св. Никола, а нели сеа технички е ,,пред,, св. Никола и така...Haters back off!
 
Член од
22 јуни 2010
Мислења
3.688
Поени од реакции
5.444
„Годините, животот што е тежок и безмилосен, полека го убедуваат човека дека идеалите, колку и да се благородни, бидејќи без сомнение се преблагородни идеали, не се направени за луѓето такви какви што се. Тоа се идеали измислени од сонувачи, поети, би рекол јас. Многу убави, многу соодветни за пишување книги, за говори на барикади, но целосно невозможни да се спроведат во практиката. Би сакал да видам еден Кропоткин или еден Малатеста да води фирма како оваа и да се бори секој ден со нормите на Централната банка и да мора да прави илјада и еден маневар за да го избегне синдикатот или Перон, или заедно, да му направат сопка. И во друг сплет на околности, многу е во ред едно момче или девојка да ги имаат тие идеали за несебичност, за социјална правда или за теоретски општества. Ама потоа ќе се ожените, ќе сакате да ја регулирате својата положба во општеството, ќе треба да го изградите домот, природно тежнеење на сите благородни луѓе, а тоа доведува до бавно напуштање на тие илузии. Многу е лесно да се поддржува анахистичката доктрина кога е некој млад и е издржуван од родителите. Друга работа, многу различна, е да мора да се соочи со животот, да биде обврзан да го одржува домот што го создал, пред се‘ кога доаѓаат децата и другите обврски поврзани со семејството: облека, училиште, текстови, болести. Многу се убави социјалните теории, ама кога треба да се наполни лонецот, како што народно се вели, тогаш, пријателче, треба да се работи напорно и да се сфати дека светот не е направен за тие сонувачи, за тие како Малатеста и Кропоткин.“ Херои и гробови од Ернесто Сабато
 

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.324
Поени од реакции
17.789
Кајге, единствено нешто што ми прави мерак зимно време, е што со долг капут можеш комотно да тркнеш до продавница со пижамчиња, без никој да примети. :X3:

Направив ручек, направив торта, буквално све што требаше, само книга никако да фатам и таа работа да ја завршам. (n) Цело време си викав нема да учам кампањски, нема да учам кампањски.... али ипак ќе учам кампањски. :toe:

Ај чао, ќе си глеам лзн. :D
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.744
Поени од реакции
27.744
Драга,
Зошто сите (останатите?) провинцијалци не го гледаат Скопје како Ставрогрин Ставрогин Старвогрин или како и да му е?
:(
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.780
Поени од реакции
8.235
Драга Кајгана, прашањето на Ставрогин беше реторичко.
Инаку, ја сеа ќе одам да се журкам низ Велес. Ја и тие три баби и двајца дедовци што ете не се отселиле у Скопје или надвор од државава.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom