Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Пак изиграваме нешто со мигрантиве...
Многу ми е гајле дали биле економски мигранти или доаѓале од воени жаришта, пушти ги нека поминат, ама не ние мора најпаметни да се праиме. Грците, членки на ЕУ ги пропуштаат, ама не ние ќе изиграваме филозофи па ќе сме се секирале за ЕУ и ќе сме ги почитувале препораките од Советот на Европа или од кој и да има некакви препораки.
И после читаш повредени толку и толку полицајци. Штета што се полицајци повредени, треба да го пратиме Иванов таму на таа ебана кота 59 па малце него да го потепаат, а друштво може да му праат и премиерот и министерот за внатрешни и за одбрана.
 
Последно уредено:

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.386
Поени од реакции
3.400
Драга Кајги почнав да те чувствувам како најдобра пријателка која некогаш ја имав.Можам да ти се доверам да ти кажам што ми лежи на душичката во секое време за разлика од битијава надвор кои ме опкружуваат и никогаш не се тука за ништо,и затоа што ја имам таа чест да ми бидеш пријателка денес заслужено беше спомната во дебата во која те дефинирав како многу поучен форум во споредба со некои останати форуми и социјални мрежи.
Епа моја најдобра пријателке сакам да ти кажам дека денес имав многу исцрпувачки ден ама некако ова во позитивна смисла.Да ти се пофалам.Прва дебата,прва победа,иако беше повеќе како пробна јас сепак се радувам.Можеби тоа е затоа што оддамна не сум почуствувала некој успех некако бев пасивна постојано.Но сега е во ред.Ако ништо повеќе барем ќе се качам на едно скалило повисоко кога станува збор за мојата самодоверба.
Голема благодарност до Кајги и на луѓето кои и дадоа живот :backa:
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Драга...

... сакам да живеам у држава кај што луѓето нема да мрчат. На место каде што кога ќе помогнеш на животно, нема некој да ти каже „а што не помогнеш на некој човек?“. На место кај што кога ќе помогнеш на некој човек, нема некој да ти каже „а што не им помогна на другите луѓе пред тоа?“. На место кај што ако им помагаш на сите, нема некој да ти каже „абе што помагаш па и ти, ко да ќе смениш нешто“. На место кај што додека некој активно помага на некое поле, некој друг сајбер идиот си седи и постира сликички, како тие луѓе не требало да помагаат на тоа поле, туку на друго. А истиот тој што постира, не мрда да помогне нигде. Сакам да живеам на место кај што нема да има такви луѓе, луѓе кои додека ти се залагаш за нешто, они од страна ти викаат „абе а што не напраиш така, еј брат лошо го напраи“, и кога ќе му кажеш, „епа ај дојди ти пробај“, он ќе ти рече, „а не не, не знам јас“.

Сите си имаме свои приоритети и различно ги вреднуваме работите. И со тоа што некој одма прави компарација, на што треба да се помогне, а на што не треба, тој автоматски со тоа одмага. Пошто јесда сме мала држава, али ипак имаме доволно луѓе за све да средиме. Ако не ти се свиѓа тоа што некој помага на едно место, тогаш ти биди тој што ќе помогне на другото, без притоа да јадеш гомна за тие што нешто друго вреднуваат повеќе. Пошто не, не сме сите исти и не размислуваме на ист начин. Ако некој сака да протестира против барокен ГТЦ, океј. Ако некој сака да биде помага на животни, океј. Ако некој сака да се залага против загадувањето у градов, океј. Ако некој сака да протестира заради инфраструктурата и проблемите со сообраќајот, океј. Сите четири работи се океј, сите четири работи се човечки, и луѓето кои ги поддржуваат овие работи имаат различни вредности. Ако некој мисли дека нешто вреди повеќе, нека се залага за тоа. Ако некој мисли дека има некое друго поле каде треба да се активира, нека се активира. Ама нема апсолутно никаква потреба да се буниш зашто некој се залагал за едно, а не за друго. Зашто би се бунел? Па ниедна од овие работи не се судираат една со друга, и взаемно не се попречуваат во своите цели. А уште помалце штетат на нешто или некого. Сите сакаме да си го подобриме животот, последна работа што треба да се направи е да се вика „зашто вака помагаш, а не онака?“. Пошто све дур стварно помагаш, макар и банално, супер е и треба да добиеш поддршка. Излезете од фиромјанскиот комплекс, станете македонци, убаво е надвор.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.400
Поени од реакции
85.351
Деновиве во Маврово падна снег за 20ти пат во последниве 3 години.

Или што би рекле жените "Втор пат е само, ама првиот не се ни важи"
#МожеИВоВакваВерзија
 
Член од
14 декември 2013
Мислења
4.157
Поени од реакции
10.994
И помина времето на финтата " kolkava brada imash brat, pop da ne ke ucis hehe" ама затоа дојде уште поглупа " ej brat ke te pomeshaat so migrantive hehe". Носете се у три лепе
 
Член од
28 јуни 2013
Мислења
316
Поени од реакции
1.940
Не сакам Кајги. Не сакам да станам како моите родители.

Не сакам моето дете да се чувстува како јас што се чувстувам цел живот - како причина зошто овие двајца завршиле во брак. Не сакам детето да ми расте во заедница каде има само дерење и карање и малтретирање и идење на роднини да ја смируваат топката. Не сакам да живеам во брак каде има завист меѓу партнерите, каде има љубомора, каде се осветуваш на свекрвата оти ти не си се разбрала со мажот. Каде мажот не покажал разбирање. Каде нема никаков вид на почит меѓу било кој. Каде компромис е нешто што постои по речниците дома. Не сакам да сум во брак каде се пцуе на големо и се навредува на уште поголемо. Не сакам моето дете да расте во брак каде мажот се гледа како султан и треба сите да му се поклонуваат, како што мојот татко ме израсна од каучот со даљинското. И секогаш кога сакаш нешто треба да одиш до султанското место, а тој легнал како морж и да го убедуваш. Седни и напрај муабет со ќерка ти бе и замисли, тоа да не биде со неколку промили ракија у крвта. Не сакам да бидам како мајка ми, затоа што не можам да се разберам со мажот и тој нема никакво разбирање за мене, да се истурам на 82 годишната свекрва. Не сакам бре. Не сакам да моето дете некогаш искуси такво нешто како што поминав јас, да живее во толку нехармонична и ни малку налик на фамилија заедница.

По 58 и 56 години имаат, а се полоши од мали деца. Што се имам поминато со нив, сфатив какви последици има врз мене последните две години. И сфатив дека нема психијатар што може да ми ги излечи сите трауми. Ама сфатив и дека јас одбирам дали ќе станам како нив или не.

Секој ден му се заблагодарувам на Господ што имам покрај мене некој што е светлосни години поразличен од нив двајцата. Кој што прави и од мене подобра личност, која ја снемува само кога сум со нив двајцата дома. Со кој знам дека единствено ќе се повиши тонот кога ќе се смеам.

Многу научив од моите родители, најмногу каква не сакам да станам.
 

TheMessenger

Кодош
Член од
18 февруари 2012
Мислења
371
Поени од реакции
473
Драга
Последниот пост ми е 300 страни назад.
Знам дека не ти е гајле ама ако, многу време помина.
 

ХулахопкиСоТочки

Out of step with the world
Член од
9 август 2014
Мислења
1.494
Поени од реакции
5.250
Правиш рандом муабет во рандом ден со познаник/другар/брат/сестра/итн...
"Аух не, не сакам јас такви девојки во ниеден случај не би..."
"Мхх, не е мој тип на дечко тој, никако нема шанси"

И во истиот момент гледаш дека те праи луд или сам/а се праи, пошто следно нешто што го приметуваш е дека баш "такви" какви што "не сакаат" и навидум зборувале со потсмев за нив, всушност им се допаѓаат :icon_lol:

Не ми е јасно, ако ти се свиѓа у реду е, каков и да е, каков и да е карактер, како и да изгледа и какви и навики да има, само не го тупи со тој муабет :coffee: небитно треба да ти биде дали мене ми се допаѓа твојот избор.

Неш јебат, како и да е
 

Cassaro

Паразит
Член од
15 февруари 2012
Мислења
3.314
Поени од реакции
10.341
Може не ги сака тие девојки за озбилно, а сега не сака озбилно.Чисто онака за другар кажувам
 

Kajgana Shop

На врв Bottom