Драга,
денес е светски ден на борба против domestic violence. Убав повод да му ѕвонам на татко ми. Се прашувам што би му кажал. Дека сите тие погрдни зборови, шамари, клоци, на два наврати пукнати ребра, у еден пукнато колено, направија да ја изгубам самодовербата, да имам ужасна слика за себе, да немам социјални вештини, да немам пријатели, да не можам да им верувам на луѓе, да се борам толку долго со анксиозност.
Човече, бев само дете. Ниедно дете не заслужува да заспива со вжештен образ, со модринки, со одѕвонување во уши на сета грдост со која си го споредил денес. Ниедно дете не заслужува да се буди со солзи на перница, со страв дека можеби денешниов ден ќе биде ист како овој. Ниедно дете не заслужува да ти се плаши уште кога ќе ти ги слушне чекорите низ ходник.
Кога требаше да градам стабилни темели на личноста, јас живеев во постојан страв. И затоа се што имав изградено се сруши како кула од карти.
Ќе носам рани засекогаш во мене, ама не те мразам, бидејќи сега сум доволно силен за да можам да изградам цврсти темели и да го најдам своето место под сонцето, да се сакам себеси, да им се посветам на тие околу мене, и да ги љубам со целото свое битие.