Windfucker
Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
- Член од
- 30 април 2010
- Мислења
- 8.459
- Поени од реакции
- 15.326
Дај му на Македонец 100 годишно бонсаи после ручек и ќе ти направи чечкалица за заби.
Sekogash i vo sekoja vozrast covek moze kvalitetno da zivee ako ne si postavuva sopstveni granici ne e samo vo mladosta.Sega mislam deka i pokvalitetno ziveam odkolku na 20 god zasto si go cenam vremeto,gi odbiram lugjeto-prijatelite, ne se zamaram so okolina, nemam predrasudi koi mi bile nametnati od roditelite...Znaes kako vikaat ovoj um tie godini za da moze podolgo da trae ziveenjeto. Teloto staree no duhot, zelbata za ziveenje so polni pluka, merakot ostanuva ist. Mi se dopadna tvojot post sto e mnogu zrel za godinite.Jas na pr. toa go sfativ po 35godini ,sto e malku docna.Драга Кајгана,
Знаеш, некогаш кога човек има нешто кое му тежи на душата и сака да го каже некому, тоа нешто може да го каже/напише само во моментот кога го чувствува, затоа што подоцна тоа нешто е некако избледено и како да не било дел од тежината во неговата душа.
Така во летото, седев навечер на тараса и ја слушав Запали град од Елитни одреди, но некаде избеган со мислите. Одеднаш силно во ушите ми се забоде стихот ,,...јер живот траје нам кратко..." и одеднаш се вратив со мислите во реалноста. Тој стих ме стави во мисла и до некаде ми ја тргна пречката од пред очи. Во тој момент нешто ми рече дека човек треба во животот да си приушти се што го сака, но и што е добро за него. Сакав тоа да ти го напишам, но таа вечер некако немав време, а следниот ден не го чувствував она истото кое го чувствував и вечерта, за да можам да ти го напишам онака како што сум се чувствувал.
После неколку месеци, вчера повторно ми се врати истата тежина во душата кога бев на лекар. Знаеш дека пред околу пола година - година дознав дека имам залисток на срцето кој ја подвраќа/пропушта крвта, па вчера отидов на детално испитување/ЕХО. Таму поточно ми ја кажаа сликата. Ми рекоа дека залистокот ја подвраќал/пропуштал крвта, затоа што имал вродена срцева мана во бројот на слојноста. Ми рекоа дека моментално не прави проблем, но дека треба да се следи, зошто во иднина може да направи проблеми, посебно на стари години.
Во тој момент пред мене како да помина една цела животна приказна. Во мене нешто се разбуди, како да си кажав самиот на себе дека животот е само време кое треба да го исполниме на земјава, а потоа вака или така заминуваме.
Но баш тогаш се сетив и на стихот од песната на Елитни одреди. Си помислив и на сите оние ограничувања кои ние самите си ги ставаме во животот и си го правиме полош. Зар ако сакам да ставам тетоважа, а страв ми е од тоа како ќе изгледа во иднина, ќе си ставам пречка и никогаш нема тоа да го направам? Ако не го направам тоа сега, кога? И онака еднаш се живее. Зар ако сакам да фрлам пари на нешто повеќе, но подоцна поради тоа нешто ќе ме гледаат чудно, ќе си ставам пречка и тоа нешто никогаш нема да го купам? Ако не го направам тоа сега, кога? И онака еднаш се живее.
Но тоа не значи дека не треба да ја почитуваме нашата вера/религија, како некои што тоа си го сфаќаат. Напротив, треба многу да ја почитуваме нашата вера/религија, но и да си ги задоволиме сите оние желби кои не прават среќни, но кои ќе бидат добри за нас, а не и штетни. Зошто знаеш, донекаде е точно она ,,Човекот живее додека е млад". Кога си млад живееш, а веќе кога ќе остариш и кога ќе дојде редот на младите да живеат и да лудуваат, ти се осеќаш како осамено. Тогаш треба само да го оправаш физичкиот изглед и патот по кој одиш, за да продолжиш среќно да живееш.
Човек треба да се бори за она што го сака и за она што го прави среќен. Ако сака да го добие она што го сака, ако треба се ќе направи, ќе мине низ се, ама битно на крајот ќе го добие. И онака порано или подоцна човек ќе умре, но бар да си ги задоволи сите оние работи кои што ги сака додека биде жив. Што би рекле постарите, да знае зошто живеел. Човек и да живее двеста години, ако не го направил она што го сака, само успеал да види се што се случува на овој свет, но не се почуствувал исполнето, тогаш џабе е се.
Затоа и постојано го велам она............ ЖИВЕЈ ГО ЖИВОТОТ!