К,
Колешкава од работа цел месец пробува да ме спои со еден колега затоа што, пази, забавно било да се дружиме во парови. Не е битно дали постои или не хемија, не е битно дали сме заинтересирани еден за друг, битно интересно ќе е. А и многу убав пар сме биле. Јеа рајт.
Другата пак ме замара со патетики. Дечко и си договорил да оди негде со другари баш на денот кога слават, ни помалку ни повеќе, година и два месеци. Идиот! Ѓубре! Како можел??? Раскини му бе, он на тебе така.
На другава шефот и рекол да остане пола саат плус на работа. Лелееее, планови имала, требало да оди на кафе со другарки, немала време да се спрема. Мислам, ок е. Другарките нема да избегаат и ако им отидеш директно од работа... веројатно.
И сето тоа е зачинето со по минимум 10 телефонски повици дневно од сите. Едноставно уживаат луѓето да ми се жалат, а јас кутрата не само што мразам долги телефонски разговори, туку мразам и ширење негативна енергија. Не за друго, пошто мене ми цутат рози на секое поле. На работа никакви проблеми. Здравствено топ, не знам што е стрес, нервоза и срцеви маани. Љубовта да не зборам, поубава година не сум имала. Пари премногу, не знам кај да ги трошам веќе...
И за кој кур ми го труете мојот совршен свет со вашите глупи проблеми, ааа?
Убав ден си имам бе Кајги. Сабајле се разбудив пред алармот и тоа премногу расположена, дури и за мои стандарди. Си денсав во автобус, пензионерите малку чудно ме гледаа, ама ако. Уште во првиот саат на работа го достигнав таргетот предвиден за цела смена, сега комотно можам да затворам и да си одам...или не.
Ми се јадат палачинки. А немам од кај да купам сега. Ете, сепак не ми е животот совршен.
УбаФ ден,
С.