Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.642
Поени од реакции
31.864
Минатиот пост од РАТМ на таа минатата страна, само да ти кажам кајгано дека го напиша саркастичниот професор Тихомир уште сабајле, а овие се истрчале и се силат ко да е наредба шо озбилно треба да се остварува :D
Ако некој го протолкувал и пронашол нештото во друг контекст му се извинувам за генерализацијата која опфаќа 99 посто.

Инаку нема да пишувам политички пост, пошто целава фама што започна пред месец дена, че биди од оние свако чудо за три дана само шо че потрај малку повеќе од вообичаено.

Денов го поминав прекрасно. Го прошетавме новото куче(уште го чувствувам така иако скоро 2 месеци го чувам) и ја осетив радоста во неговите очи. Времето наназад беше нели за никаде, дождови, снегови, па така ми ја скрати потенцијалната идеја која ја остварив денеска. На 17-ти ноември пред година дена го загубив првото куче, кое изживеа 10-тина години нашки. Потоа таа пуста навика да се залетам со погледот на местото каде истото си лежеше ме мачеше неколку месеци, па и потоа. Онака излегуваш до продавница и бараш нешто со погледот кое не постои. Сега празнината е потполнета и повторно наидувам на искрена радост и емоција. Убаво е тоа чувство, како рекле постариве куче-лексилиумче. 15 минути ми ја лижеше раката во знак на благодарност.

Ми фалат вакви денови.
 

Jolene

принцеза
Член од
31 март 2014
Мислења
151
Поени од реакции
398
Драга, колку треба да си самозаљубен/а за да си се лупнеш сам/а на cover photo?
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.362
Поени од реакции
26.406
Ве повикувам сите – Станете Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци и сите други. Станете на нозе, не чека поход, од град во град, не чека многу работа, многу нови проекти, многу нови моменти за гордост.

„Не сме задоволни до досегашниот процес на објавување на вистините за Македонија и цениме дека има значителна несоодветна застапеност на обелоденување на делата и не делата кои ги засегаат поспецифично албанските граѓани. Освен ова приметуваме небалансираност во досегашниот тек на процесот каде некои индивидуи и субјекти се повеќе осветлени од вистината а некои сеуште се завиени во темнината, каде лесно виреат сомнежи и шпекулации“, велат албанските интелектуалци.

До смрт!
 

Misery

30% off
Член од
3 април 2011
Мислења
1.598
Поени од реакции
2.394
Драга,

прекур. Преку кур, де.
Политичката ситуација нема да стане подобра. Државата влага во се поголеми гомна.
Денот се посветол, а времињава се потемни.
Пичку матер, писател да станеш денес ќе се тепаш за бестселер со фразиве.
Ионака секој втор стана писател, кон тебе гледам Лешовски. И Џамбазов. За Лајла Грејс не ни зборам, срам ми е што го знам името.
Ама добро, ако мислиш дека си лош во своето поле, сети се дека тука има еден Тајзи да ти ја усере целовкупната слика за музиката како уметност, или Миленко за релевантност.
Јас сум убеден дека помеѓу мене и таксисти се одвиле поесенцијални разговори за доброто на државата отколку од било кој државен врв, било кога.
Просечниот граѓанин не е глуп, просечната толпа е.
Еве рецимо, овие сите што отидоа у Џус Бар викендов и решија дека е баш кул да си ја паркираш колата кај што стигнеш.
„Кул“ е многу некул збор, ама и „некул“ исто.

Си ја губам поентата, ако уопште ја имав.
Бар не сум од оние кои купуваат секој ден ризли за цена од 5 денари, место пакетче со 30 за 40 денари.
Еве, штедам.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Го прочитав Шлегово па ми текна на една ситуација од 7мо одделение.
Час по географија, испрашување. На ред да одговара доаѓа Џемо.
Искача на табла пред карта и наставничката му вика ајде Џемшит, источна Македонија. И нормално Џемо абер нема што е тоа источна Македонија, блее како овца. Наставничката се смилува и му покажа каде се наоѓа источна Македонија и му вика ај наброј неколку градови.

Гледа Џемо, шета со погледот, со огромни букви му пишува Берово, Пробиштип, Штип, Кратово, Крива Паланка..
Одеднаш се укочи и се угледа у една точка, настана потполна тишина во училницата, сите се во исчекување, ваздух трепти као да небо гори, одеднаш од устата на Џемо одекнува шлегово ШЛЕГОВО ШЛЕГОВО Ш Л Е Г О В О!!!
 

АнаКаренина

Muy Tranquilo
Член од
30 јуни 2012
Мислења
104
Поени од реакции
228
Драга Кајге. Еден срдечен поздрав, за едни времиња стари.
Недостигаше.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.745
Поени од реакции
27.745
Драга здраво, прв пат ти пишувам во ова твое ново руво.
Ги разлистувам првиве страни на темава и се прашувам: да не ја смешале сител со а1? :confused:
Не ми текнуе дека имаше ваков хејт а1 бе.
 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Сабајле на семафор чекајќи да светне црвено за колите просведочив муабет на две баби дека сакале да формираат near death metal бенд али им фали тапанар. Импозантно.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.592
Поени од реакции
6.959
Види мала,

- Излегов вчера САМО за фармерки да си земам. Завршив со фармерки и еден комплет од излог. Пре би се сунце угасило, него ли јас да се наситам на сакоа и костуми. Ај личен он на мајка .. :noze:
- Ги закачив Манчестер после 2 ипол месеци и дадоа 3 гола слепците за едно полу-време .. Баш тоа јас што го гледав :D:D. Хеј мамето ваше.
- Помина братучедка ми (која јас си ја гледам и доживувам како сестра од друга мајка) после враќање од викенд. Кратко, ама слатко видување беше. Чим смукна 2 фреша, погодена беше шемата (y) .. Здрав ријунион во скоро време МОРА !
- Си го прочитав стрипот и почнав нов. Bummer испадна иначе(n), а имаше добра основа и јаки ликови. Ај ваљда со наредниве ќе имам повеќе среќа.

Сума сумарум, it was a nice weekend, иако сношти ме помрзе да излезам и не се видов со лепотата. Го гледавме Вардар со баба ми и после уште саат време сукавме политико муабети. Лепо, нека ми е жива и здрава уште пола век ..


ПС - Пред малце на 9гаг видов пост за Мег, од Херкулес (childhood crush :love::love:) и одма ми текна на нејзината песна од цртанот, која патем ја знам скоро цела на памет. Не сакаш да знаеш колку пати и' стиснав рипит на јутјуб до сега ..
If there's a price for rotten judgement
I guess I've already won that ..
*кој оупенинг ееј*
 

Kajgana Shop

На врв Bottom