Драга Кајгана (виртуелен дневник)

S

StormRage

Гостин
Кајг
Креативноста на hibernate state умот е луда работа. Што се сум сонувал сношти, уште не можам да си се изначудам. Уште една досадна недела ,се осеќам ко уште да е 9 сабајле. Тотално убиствена мрза, мозокот каша напраен, телото едвај се движи. Прстите функционираат на тастатура битно. А ебано досадно ми е, че се фрља на кичма, од тераса.
Заеби ова, не можам да мислам ни 2%, денес сум растение...
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.606
Поени од реакции
13.304
Веома заебан момент е да си ја видиш 24 годишната бивша како се дружи со средношколци и гордо се слика и шернува слики со деца. Ах мори, ко ќе ми текни дека ќе ти пружав све... Па и штипки.
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.947
Здраво драга, еве играјќи еуро трак симулатор 2 на тв почна да пее оди звездо песната. Во тој момент се почувствував како Андруш :D
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
И викам ако ти е досаден речи му главата те боли да не ти досадува, ми одговори дека и е страв од него, а не го ни забележав тоа. Само на А. му реков ако се врати овај ќе го избркам, и еве го пријателот се враќа со кафето :icon_lol:, и го носи нејзе и таа одговори дека не сака, а тој упорен. Еј кога сржив мислеа дека ќе го згазам готово :pos::pos::pos::pos::pos::pos:, бегај заминувај готов си :pos::pos::pos::pos::pos::pos:. Не се врати повеќе и се чувствувам добро малку во врска со себеси онака витешки :icon_lol:.

 
Џ

ЏинЏер

Гостин
Мајка ми гледа некоја турска серија. Слушам:
-Ало Неџдет.
-Што ме бараш ма? Ти пратив абер дека не доаѓам на вечера.
-Неџдет дојди те молам, лошо ми е, ќе се онесвестам.
-Добро, доаѓам, не се онесвестувај.
:pos::pos::pos:
 
Џ

ЏинЏер

Гостин
Драг дневнику,
Не ги гледам турските серии сега, пошто веќе ми се изгледани пред долго време, кога одеа на турските телевизии, додека живеев во турски интернат. :X3:
Ама морам да признаам, сосема нова димензија добиваат со македонската синхронизација.
 

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.165
Драга Кајгана,

денес станав негде околу 11 часот. Се чувствував за нијанса подобро, изгледа работниците што ми хилтаат недела дена негде помеѓу носот и грлото не работат денес. Им пишав „добро утро“ на сите личности што ми значат. Една е само додуша, ама тоа не е тема на муабет. Се најадов и ми текна на масовниот спонтан народен собир. Пуштив Шител, денот беше толку убав, мораше да го почнам со смеа. И така ја гледам Калиопи. Ја пее химната на Македонија. И супер си пееше кога наеднаш секна на сред строфа. Таман помислив дека си мисли дека е на концерт па чека публика да и го испее рефренот, ја почна онаа строфата „...машко-женско...“ што е исфрлена негде ’47. Еден таков туѓ срам ме фати... замисли да го гледав Тони. Замисли да гледав воопшто! И така исклучив телевизор и заминав на прошетка во природа. Поточно, бев лозјето да го дорежам, ама не е битно тоа. И така.

:)
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.099
Поени од реакции
74.909
По патувањето до Турново, можеше да се видат бесконечни ливади со огромен број овци, ама ништо не може да се спореди со "овците" кои со автобуси платени со државни пари мораа да ги исполнат партиските задачи во Скопје. Не платена патарина, сендвичиња за секого, плус гратис разгледување на кичот создаден од нивните челници. Одиш по автопат и гледаш во спортивните ленти бесконечни колони, еден куп автобуси на патарина, а кретените бар да се обиделе да се скријат и да глумат лудило дека се некакво здружение загрижено за иднината на Македонија, напротив напред им стоеа лавчиња, табли УМС итн...
Затоа на гостување бевме со Беса транс, пошто "патриотските превозници" беа зафатени денеска ;)
Од играта на Вардар очи печат, а особено кога немаш капка вода, се ти смета :cool:
Ама бар победивме, вака или онака... :icon_mrgr:
Колку само вода се испи од еден извор на враќање, ако не затера некоја бактерија, да знаеш дека 80 луѓе ќе лежат по болници...
По пат си го видов споменичарот Јоцо, игралиштето на Работник од Лозово, огромните ниви на патот кон Струмица, а богами и последиците од поплавите во тој регион :(

Вчера имаше поголема забава, сепак трета кошаркарска лига не е шала :icon_mrgr:
Прв пат одам во Пробиштип и можам да кажам дека за Кратово е измислено :icon_mrgr: По патот го видов и легендарното Шлегово, родното место на една продавачка од моја населба. По планините еден куп снег, температурна разлика од 20 степени со Скопје. Особено интересно е кога планините ги искачуваш со приватна 22-ка :D Солидно градче е Пробиштип, тост со една шунка и кашкавал 35 денари, со двојна доза 65... :icon_mrgr: Имавме 5 Кратовчани што ги собравме по пат, навивачи на Вардар и одма просеруваа како Пробиштип било село за нив. Зошто мора меѓу било кои соседни градови во Македонија да има ривалство :pos: Четириерсетина души го кренавме цел град на нозе, дојдоа девојчиња да се сликале со нас, се наосбраа луѓе од сите страни и се наполни салата :icon_mrgr: Салата ледена дворана :D
Семафорот, рефлекторите и Мичо мајсторе, момакот на Алисон Пино. Каков бунар здрви од слободно, цела сала се поцепа од смеење. На трибини навивање како за прва лига, еуфорија од почеток до крај :icon_mrgr:
DSC02783.JPG DSC02787.JPG DSC02786.JPG

Детено што го менуваше резултатот, неколку пати ги испроба шутерските способности по што беше испратен со овации од наша страна. Штета што цело време се дереше Пробаскет, пробаскет... :icon_mrgr:
Одлично помината сабота, дефинитивно мора да се посети градов некогаш. Колку само ми е потребна околната природа...
Штета што овие градови се оставени во заборав, греота е главна атракција да биде гостување на 40 души кои навиваат за третолигашка екипа :toe:


На враќање што ни се задеси, мислам дека ниедна навивачка група немала слично искуство:toe:
Ама некако не е за јавно откривање :вонзем:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom