Драга,
Нели си виртуелен дневник, па те гњавиме со што ќе ни текне, жално е што се повеќе животот ни се сведува на замарање со политика, нервози со сметки, казни, водење на евиденција за другите, прислушувања, снимања и шпиунирања, па се осеќам како секој околу мене да работи за ЦИА или УДБА. Батали такви работи, греота е да се замараме и труеме со срања, краток и тоа многу краток е животот за такви глупости. Туку знаеш како викаат „ин хелоу боди хелоу гоуст“, па ај да запазам, после цела година, прв пат трчање, месец и пол се кандисувам и се борам со настинката за вечерва кроце по кроце 7.4 км за 56 минути, Ramstein на увце, мозокот на пасење и нозете сами си одат. Како за прв ден задоволен, али од денес барем по 4 пати неделно ќе се дружам во доцните часови со кејот.