Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.740
Денеска беше изгласан законот за полиција. Нив им се овозможува користење на различни "техники" при растурање толпа.
Една од "техниките" се и гумените куршуми.
Ево што тие се способни да направат.
 
Член од
24 декември 2008
Мислења
46
Поени од реакции
16
Nova DK. Pusti si prekonferencija i smej si se. Najinteresno e da te prasuvaat edno, a da odgovaras nesto sasvim treto. Mojata cudesna, napatena, sardisana, od site strani e...a Makedonija. Od tolku nabroeni uspesi sram da te fati sto tolku luge kritikuvaat, ama izgleda site razlicno gi percepiraat uspesite. Abe izgleda ne bil samo interesot vecen, i sramot e izgleda. Abe mene mi e sram samo koa go gleam i slusam, a ne pa da sum vo koza. Tug sram da te jade opasno e. Ajt pozdrav.
 

bokser_mk

Баксуз
Член од
29 јануари 2012
Мислења
1.363
Поени од реакции
1.831
Draga po skoro cela godina me fati zab....
utre na snimanje cela vilica i ednas zasekogas da gi napraam so e mnogu mnogu e ...

inace posexy si mi vaka aj bidi mi pozdravena
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Кајгано, те има тебе лажено другарка дека е смртно болна само за да добива повеќе внимание од сите наоколу?
Мене да, кајгано.
Не е убаво. Болно е. Ти ја јаде душата. Те копа у мозок. Те дроби.

У пм бе Кајгано, какви срања од луѓе има еј.

Две години лаже дека е смртно болна. Пред две години имаше само 3 месеци живот. Ебате специјалистите од цела Европа шо викаше дека кренале раце од нејзиниот случај, две години поминаа.
Ау да бе, лаже кучкава. Докторите не ни знаат дека постои.
А треба некој јак психијатар да ја посети.

Еј стварно, никад не сум бил вака скршен.

Поздрав Кеј
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Овде не сум баниран. На претходната тема бев, затоа што секој смее слободно што сака да пишува. Туку да не го лутам шефот.

Ќе напишам нешто почитувајќи ги правилата на темата. И нетерајќи сеир.

Драга Кајгана, потребна е демитологизација на ликот и делото на нашиот премиер. Оттука па натаму ќе биде полесно. И оковите ќе паднат целосно.
 
W

wicked_1

Гостин
Не успеа баш добро да ја образложи демитологизацијата К.Мехмети, ама добра му беше идејата, релативно добра
 
Последно уредено:
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.706
Поени од реакции
13.376
Пошо претходниот пост исчезна магично...

Би пишал многу... премногу. Од настинкава која ми навлезе преку левото уво, преку борбата со администрации од почетокот на годинава, до постови за оттуѓување од општеството.
Но би сакал нешто друго, бидејќи тоа што најмногу погодува е кога почнуваш да чувствуваш дека работите недостасуваат. Особено боли тоа што блискоста не е блискост каква што некогаш била. А надежта те подгрева да бидеш будалчето и да веруваш во невозможни работи.
Неминовно беше тоа што другарка ми еден ден ќе купи карта во еден правец и дека ќе замине засекогаш од ова парче земја. Повеќе од година бев свесен дека денот ќе дојде, но искуството минато ме тешеше дека нема ништо страшно во тоа. Да се разбереме, сум испраќал неколку блиски другари, секој со различно множество на чувства, некои со индиферентност, други со силно стегање на раката и еден ветувачки поглед дека повторно ќе се сретнеме. Дури и во времето пред технологијава да стане толку масовна, кога постоеше само електронски писма. Па сепак сега иако поминаа нецели недела дена откако се имавме видено, веќе ја осеќам онаа носталгија на чувства дека можеби работите не би биле толку сериозни да не постоеше онаа приврзаност како брат што има со сестра. Свесен сум дека технологијата ќе ми помогне тука колку-толку, но од друга страна па отсуството на присутноста на неколку дециметри до мене ми долева благи меланхолични чувства на беспомошност. Викај ме патетичен песимист, но разбери го она чувство кога се судруваш со реалноста и не можеш баш богзнае колку да смениш. Ти преостанува само надежта да прогураш понатака. Барем тоа што посакавме еден на друг е да бидеме среќни. Па отом потом и ќе споделуваме.
So says Saladin...
 
Член од
22 јуни 2010
Мислења
3.688
Поени од реакции
5.444
Ќе цитирам еден пријател:

„Ни ебале матер со сублиминално всадување каваљерски манири на времето... затоа цел живот ќе го сркаме од мангупчиња.“
 

Juve-Fan

campione d'italia 36
Член од
23 март 2010
Мислења
841
Поени од реакции
1.469
Пара уши ама плакне очи, компромис.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.629
Поени од реакции
31.834
Сфаќаш колку брзо старееш, кога ќе видиш некоја тема во подфорумот музика што си ја отворил небаре вчера, а поминала една година и повеќе, онака ко на зафрканција.

feeling разочарано :vrtioci:
 

kazioX

Примерен форумџија
Член од
28 април 2011
Мислења
3.847
Поени од реакции
10.650
Најемоционален момент за едно машко е да ја избричи брадата. Се разделивме после два месеци и под силен притисок од околината, се осеќам лошо.
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.603
Поени од реакции
13.301
Драга, Зајакот ти е вид на животно како соученик во класот наш кој сите сме го имале. Ученик кој никој во класот не го сака, не прај муабет со него, го игнорираат, едноставно никој не можи да го поднеси, арно ама ученикот бил сведок на некоја спектакуларна дешавка и сеа цел клас мора да го трпи кај шо зборува и ја прераскажува случката не од шо го сака, туку стриктно ради тоа што се заинтересирани за тоа шо се десило. После тоа пак по старо го игнорираат и не го рецкаат.
Ете тоа ти е Зајко.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom