Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.732
Поени од реакции
8.741
Драга,
мразам понеделници.
Ете така, цел свет ми е денес крив.
Сега е 14:30, се разбудив во 6:30.
Појадував пред 10 минути.

Ајде нека дојде петок, веќе.
:(
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Мислам дека заслужив да бидам среќен малку, и ќе бидам среќен. Дозволиво е човек да има емоции ама да не ги прикажува премногу. Знаеш каков режим има да си наметнам ау не си свесна ДК, не зборувам за вежби тежини глупости тие ми се рутина, самодисциплина во однесување и прикажување на некои работи :icon_lol:. Во последната епизода која ја гледав денеска од Мртвите шо шетаат на Рик му рекоа добро е да се остане таму, но сите таму што живеат се слаби и не сакаат да постанат како нив, тој на тоа ќе одговори дека слабоста ја немаат повеќе во себеси, е таков резултат очекувам :icon_lol:.


 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.717
Поени од реакции
43.745
Драга, дома сум од четврток вечерта... Да ти кажам искрено, скапав од досада. Дојдов демек да поучам малце дома, ама не ми тргнува нешто, појма неам оти стварно, неможам да се сконцентрирам никако. Него, друг ми беше проблемот... Скоро сите си дојдоа претходниот викенд бре, па останав тотално сам од овој потесниот круг што ми е. Најдалеку што отидов цел викенд е кладилницата, која е некаде на 200 метри од мене.. И еве денеска се погоди убаво, пролетно време. Пак пробав да учам, не оди... Викам дај да зеам да направам еден круг низ градот, да се излуфтирам малце, вчера буквално цел ден го пројдов во пожами по дома, малце чист воздух може ќе ми помогне за концентрација. А може и ќе налетам на некое пријателче, па да испеме едно кафе успут.. Испаѓам, минувам низ центарот, живо пиле нема, овие од Марбет ги извадиле масите надвор, убаво е времето, ама џабе бе дали имаше 10тина души на 25 маси... Си земам Сникерс, викам ај да одам до игралиштето малце, да ги погледам децата како играат фудбал. Одам и таму 2ца се на се си шутираат на голот.. Страшна работа стварно, вакво време после ладна зима, ние како деца не испуштавме за ништо. Одма после школо фудбалот и до дека не се стемни (а со тоа и залади, нормално сепак втори март е).. А кога ми текна на тоа ме фати носталгија за тие времиња.. Дечка од 14-15 години, што разбираш, земи топката и играј фудбал цел ден.. Башка сите сме овде, далеку полесно е да се договориш.. Ај сеа фудал што немаме изиграно од летото, ами и со овие поблиските другари човек се гледа еднаш во месецот.. Тоа е пораснавме, мислам оти цел живот ќе ми фалат деновите кога си играв фудбал буквално секој ден од април до септември, кога секоја вечер летото се собиравме "на мал'та" и игравме крадци и полицајци и "мижум-ач", кога играв карти со другари и другарки по цел ден иии се беше многу поедноставно... :)
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.915
Поени од реакции
41.876
И тука да кажам дека ми фали девојченце. :(

 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
...на Кајгана сум, значи (уште) жив сум.
Сега се очекуват две страни на реплики на ова.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Вистински момент за едно од најдобрите „полувистинити“ монтирани видеа на К-15, пророците на државава.


„За тоа имаме и снимки“ - се цитира во дел (на 1.07) од горепостираниот клип

Глеаш ли Американциве шо праат бе батка? :kafence:
 

AL.

Член од
22 јануари 2009
Мислења
12.610
Поени од реакции
5.016
K.

Nooo me digaaasss ?
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.919
Поени од реакции
73.278
Кајги,
колку петки Туфи има, толку милиони имам јас, овај двојки де :цицки:

Конечно ми утврдија кој ми е проблемот со забот што ме корне од болка недела дена. Сум имал четврт корен :kuracc: Чудо природе сум бил ми рекоа, мада јас колку што знам не е толку редок ваковиот случај. Лапај си антибиотици братеуууу :icon_mrgr:
Дај боже да го оправам за брзо време, па да јадам како човек после којзнае колку време :вонзем:

Вчера се избричив после 2 месеци. Нов човек сум, 15 години помлад :LOL:
Морав да се избричам, Вардар тепаше во Кратово за прв пат од петте гостувања на кои сум бил во Ѕинголенд, па тоа беше знак за првите промени :ROFLMAO:
Најдобро гостување во последниве којзнае колку години :cool:
https://www.youtube.com/watch?v=fqW5Ow2n6Sc&feature=youtu.be

Секогаш сум сакал да го посетам Кратово туристички, а не за натпревари на Вардар, ама никако да ми се оствари таа желба :confused:
Кога пешачевме 20 километри од Страцин до стадион, откако не ни дадоа да продолжиме со автобуси, го видов целиот дел пред влезот на градот и штета е да не се направи еден убав пикник таму. Работите не се смениле воопшто, истите луѓе во истите куќи, дури веќе и сум успеал да им ги запамтам фаците, фасадите од куќите, единственото продавниче по патот, куќата на бабата која ни мачкаше леб со маргарин... :icon_mrgr:
Рекичката која тече долж патот плаче за да биде посетена и да се се направи еден одличен пикник крај нејзе. Огромна штета е што има многу ѓубре по патот, веројатно никој во државава не се ни сетил дека можат малце и хигиенски да дејствуваат, а не само да ги сечат дрвјата во околината...
Таквите рекички во природата, ми се најдолем извор на испирација, да живеев покрај нешто такво, ќе напреднев многу повеќе во најразни области, за разлика од напредокот кој го имам сега.
Од друга страна, греота е како уште едно гратче заминало во целосен заборав од државата. Бројот на жители веројатно се намалува со голема брзина, млади над 18 години има во се помал број, нема иднина за тие што останале, останува градот на пензионерите и на децата кои по заршување на средното образование ќе го напуштат Кратово и никогаш нема да се вратат.
Тук-таму се појавуваа некои изненадени млади лица кои не гледаа како одиме на стадион, една бабичка ни мафташе од тераса, луѓето си работат во дворовите, а еден татко си додаваше со топка со едно детенце, додека малото пекинезерче трчаше по истата. Воглавно тоа е се што забележав да живее по улиците :вонзем: Додуша, повеќето веројатно беа на стадион :icon_mrgr:
Патот до стадионот е како од една епизода од Мики Маус кога одат со Шиљо по една планина, во која имаш само бесконечни кривини, и кога ќе им се откачи едниот дел од приколката, па Шиљо ќе летне надоле...
Едвај минува автобусот од што е тесен патот, а од другата страна те чека провалија :гик:
Станав од местото, затоа што ми се вртеше од глетката, како и секогаш :icon_mrgr:
Интересни се мостчињата низ градот, камените фасади на некои куќи, а посебен впечаток ми остави една куќа чиј ѕид е само на неколку сантиметри од карпестиот предел на планината околу Кратово. Стадионот распад систем, ништо не се менува... Од парите што ги добија од УЕФА, веројатно само едно ѕидче направиле позади голот. Луѓето од терасите излегоа да видат што се случува, да ја видат црвено-црната еуфорија на трибините.
Главен виновник за пропаѓањето на еден ваков град меѓудругите е и Ѕинго...
Дваесет минути пред почеток на натпреварот, гледаме влегува џип на теренот и од негува излегува некоја постар и подебел човек. Можеби и не беше Ѕинго, ама и најмалите сомнежи не поттикнаа да загрмиме ЅИНГО ПЕДЕР НАПРЕД ВАРДАРЕ ОЛЕ :icon_mrgr:
Појако ехо мислам дека немало, цело внимание во градот го привлековме...
И луѓето не го сакаат, ама за жал се зависни од ситните пари кои им ги дава за да работат за него. Се богатат на сметка на народот, ама тоа е кога немаш кој да те заштити... Кај што има сила, таму нема правдина.
Поздрав до Ѕинго :cool:


Како ни се заредија гостувања во Источна Македонија, секоја втора недела ќе треба да одиме натаму. Мада после тортурата која ни ја изврши шоферот, не знам кој би сакал пак да оди на гостување. Како не му се смачи со 30 на саат да вози од Кратово до Скопје, патувавме 3 часа :cenzura:
 
Џ

ЏинЏер

Гостин
Кајгана (уште не можам да те наречам драга, нова си тука, не те знам добро)...

Денес после дооолго време мрза и одложување конечно се натерав себеси да се појавам на факултет. Нешто повеќе од 4 саати сум тука и веќе се покајав што дојдов. Ја гледам типката што предава (само гледам, уште после првиот час ја стаив на mute) и се чудам како успеала да стане професорка. Може се труди кутрата, ама едноставно не ја бива и точка. Толку монотоно, мрзоволно суштество јас немам видено во животот. Ми ја уби секоја капка волја за живот. Ми иде да си се вратам дома и да си играм шах со глушецот што ми се насели во соба... сигурно позабавно ќе ми е. Уствари, на толку мамки, отрови и лепаци што му ги оставив, не верувам да е жив. Ама бар имал брза и лесна смрт. Можев да го донесам со мене на предавање, па да види што е тортура. :sneaky:

Да, озбилно ми е толку досадно што зборам за глувци. Морам некако да издржам уште 40 минути, а после... пичиме за Велес братеууу. Пита (со јајце нормално, @Samurai Jack :pipi:) и винце. Савршенство. Тоа што ич не сум спиена пошто цела ноќ глувци бркам е тотално небитно .
И уште нешто... никад не успеав да ги сфатам колешките што идат на факултет дотерани како за на модна писта.

Ајт поздрав. Се читаме.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom