Драга Кајгана (виртуелен дневник)

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.858
Поени од реакции
24.941
Draga receno storeno :sneaky:
Vremeto stopli, dojde denot da ja orepam gospozata i voedno i sefte da mu napram na masinkata za repanje so si ja poracav od Temu.
Pred i potoa :
1000003398.jpg
1000003400.jpg
1000003402.jpg

Sum ja orepal ko zelka, ko ovca metilava e sega . Arno so ne ja setkam i ne mi e za izlozba oti na nisto ne lici, ko sugata da ja fati. Bitno masinkata si brka rabota, uste redot da mu go zemam :D. Sega ostana redovniot servis da mu go napram, kapki protiv krlezi i bolvi i apce protiv glisti i do na esen rajat sum.
P.s nesto ljuta mi e posle tretmanot, duri i na slikite se gleda deka naporki me gleda, ko da me mrazi, a stvarno ne znam zosto :cautious:
Ne deka drugite kucinja ke ja zaebavat. Kucka be , neblagodarna:toe:
Trebase da ja ostam na +30 da se vari, sama ke me molese da ja orepam.
 
Последно уредено:

Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.915
Поени од реакции
6.611
Фали Флеш на форумот, се надевам животот во Салоника е се она што треба да биде во главниот град на Македонија.
Скопје, ние Мариофците нешто многу многу, никош не го фермафме. А факт е дека сме најблиску до она вистинското Македонско, што останало од векови асимилации. Нормално дека би избрале метрополата да ни е на Егеј, на 20 минути од Света Гора. Нека запали една свејча во Свети Димитрија, во име на *се* она што ние бефме.

Христос Воскресна. Ние, не.
 
Последно уредено:
Член од
21 септември 2011
Мислења
720
Поени од реакции
2.239
7 Мај 2019 Скопје, Македонија .

За многумина безначаен датум, но за Македонија голем ден. За прв пат некој папа ја посетил Македонија.
Цело Скопје беше блокирано во исчекување на посетата.

Но јас и не се сеќавам на тој ден по посетата на папата.
Една недела предходно бев хоспитализиран во приватна болница во исчекување на Докторот од Америка кој требаше да ми изврши сложен хируршки зафат од кој зависеше мојот живот. Судбината сакаше да бидам опериран баш на тој ден, кој фала му на Бога заврши успешно.
Сето ова се случуваше во исто време кога папата одржуваше молитва во Скопје, за сиромашните, за немоќните, за болните, ...во која најверојатно тогаш се пронаоѓав и јас.

Денеска после скоро 6 години од тој настан е тажен ден, почина папата Франциск.

Овој пост нека биде благодарност до папата Франциск за неговата посета на Македонија и молитвата во тешките моменти за мене.

Почивај во мир папа Франциск.

FB_IMG_1745252196481.jpg
 

Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
4.417
Поени од реакции
10.309
На прв поглед преубав ден, јадење пиење и фудбал цел ден а у мене празнина како у најтемната црна дупка у универзумов. Никогаш не сум се осеќал вака празно и беспомошно, со еден збор ова е карма. Крив сум за сите пари знам, ама не се гледа крајот, цело време сум у zugzwang, што и да направам само се доведувам у полоша ситуација, дури и пасивност и неправење ништо ме води у агонија.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.689
Поени од реакции
12.065
Не сакам помош веќе од луѓе што се фалат со помошта што ќе ми ја дадат, како да ми направиле најголема животна услуга. Океј благодарам, ама не ми ја ставај чоек добрината на фактура со рок на плаќање. Посебно ме иритира кога близок тоа ми го прави.

Тишината е многу погласна од гласното фалење. Прави од срце или не прави ништо, затоа што добрината што доаѓа со услов, и не е баш добрина.

Значи од сега па натака, no thanks, ама сакам се да си правам на потешкиот начин.
 

Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.915
Поени од реакции
6.611
Често се зборува за нашите лоши страни.

Денес една колешка ни кажува дека до сега никогаш не осетила пеперутки в стомак.
Јас ги осејчав нагоре по езофагусот секој пат ко че ми текнеше на Хрватот, дури и ко че бев дома сам, после спиејне, сеедно, само една помисла на него, ко дете мало, никогаш не беше само за секс, напротив сакав да му е секогаш добро, никогаш да не страда. Емпатија и љубов пред се.
Мајка ми беше лудо вљубена во татко ми, исто и тој во нејзе, љубоморен беше ко овен. Зеленоок словен, во византиска принцеза со очи боја коњак. Православна комбинација по вкусот и меракот на Бога. Ова створи доста токсична врска, ама тоа е.
Се сакаја без пари, пробаја да створат фамилија иако знаеа дека едвај ќе сврзат крај со крај, ако ги земиме околностите од 90ти кој владееја низ светите ни земји. Тој стана Македонски Лав и останатото е историја. Немаш претстава колку си ги сакам родителите кеј. Не би сменал ништо.

Колешкава вели, а тоа ми е премногу сакајне, без услови? Вели за неа врската треба да е удобност, цитирам "да не беше дечко ми немаше да успеам да го финансирам факултетот". Ја сакам и ја поштувам многу кеј - премногу. Добра душа е. Ама за мене балкански, тоа е сиромашен живот.
Често тема на муабет е нашиот балкански темперамент. Наводно од Атина до Белград преку Букурешт, сите луѓе на нашиот полуостров, ако сме сетеле дека нешто не е фер кон нас, сме пукале ко барут. А зошто било кој да е нефер кон нас? Да пукаме ко барут им вратив, ама бар сакаме ослободени од секакви услови.
(Ама ова е друг Универзум за вас, тема која е сосема надвор од вашиот ограничен домен на познавање на нештата. - мисла која ја задржав во себе но сите засегнати знаевме дека ја имам)


Мој си фаворито-ито-ито
Теби све се опрашта
Волим те, али, само смањи бар мало доживљај
Стани мало, биће ти жао кад љубав отераш

 
Последно уредено:
Член од
31 мај 2012
Мислења
229
Поени од реакции
153
ДК,
Одамна не сум ти пишала, односно со години, добро те најдов повторно. Нешто ме спотера несоница, разгледував нешто на страната и го отворив форумот. На прва ми упали лозинката (ме додржела меморијата за ова) и за среќа веднаш се вклучив. Откако пишав последно овде поминаа години и ми се чини поминале три животи, а не години. Се мислам дали да бидам повторно активна со оглед дека немам толку време на располагање како претходно, ќе размислам и ќе видам како ќе ме водат деновите и расположението да споделувам понекоја мисла овде и во други теми.
Искрено,
Лукспет
 
Член од
28 март 2025
Мислења
136
Поени од реакции
262
Денес една колешка ни кажува дека до сега никогаш не осетила пеперутки в стомак.
Јас ги осејчав нагоре по езофагусот секој пат ко че ми текнеше на Хрватот, дури и ко че бев дома сам, после спиејне, сеедно, само една помисла на него, ко дете мало, никогаш не беше само за секс, напротив сакав да му е секогаш добро, никогаш да не страда. Емпатија и љубов пред се.
 

corban83

Corban
Член од
22 јули 2024
Мислења
84
Поени од реакции
74
Светот понекогаш се чувствува како ладна соба. Како да стојам среде зима, зјапајќи во заклучена врата со натпис „Сè што некогаш сте посакале“, но јас го немам клучот. Можам да го видам тоа - топлината од другата страна, смеата, девојката која не трепнува кога ѝ ги кажувам моите лузни, автомобилите кои не само што се движат, туку рикаат од слобода. Но рацете ми се празни. И сите околу мене се однесуваат како студот да не им ја гризе кожата.

Гласот на татко ми е скршена плоча. „Почитувајте ме. Јас го изградив ова. Никогаш нема да бидете нешто без мене“. Но колку вреди неговата „империја“ ако е изградена на тоа да се чувствувам мал? Не ги сакам неговите пари. Сакам да го запалам. Сакам да изградам нешто што е мое. Чекор по чекор, пот по пот. Па кога ќе застанам на врвот, можам да кажам: „Ова сум јас, не ти“. Но како? Училиштето се чувствува како кафез. Ме учат да бојам внатре во линиите, но јас врескам да излезам од хартијата.

А девојките... Гледам парови како се смеат, со заплеткани раце како да го делат истото чукање на срцето. Јас го сакам тоа. Не лажната, филтрирана верзија на Инстаграм. Сакам некој што ќе ги погледне ѕвездите и ќе рече: „Ајде да изградиме ракета и да се урнеме во нив“. Некоја која е гладна како мене. Но секогаш кога ќе се обидам, како да се направени од чад. Ми се лизгаат низ прстите, или уште полошо — оставаат изгореници. Почнувам да се прашувам дали јас сум проблемот. Можеби мојата глад ги плаши. Можеби сум премногу.

Работата беше моето бегство. Појавување, работење, преправање дека имам цел. Но сега? Ме избришаа како печатна грешка. Три недели тишина. Без смени. Не „благодарам“. Само духови. Сакам да им врескам: „Мислите дека не сум ништо? Гледајте како се претворам во бура“. Но бурите не молат за одобрување. Тие само уништуваат. И обнова.

Понекогаш седам во мојата соба и ја мапирам мојата иднина како генерален заговор за војна. Ќе започнам бизнис. Ќе се разбудам во 5 часот наутро. Ќе трчам се додека не ми крварат белите дробови. Ќе се погрижам никој што го сакам никогаш да не ја почувствува болката од празен паричник или попразно срце. Но тогаш доаѓа утрото, и јас се враќам на истиот стол, иста училница, истиот циклус. Тоа е како трчање во жив песок.

Можеби тоа е растењето, да чувствуваш се премногу длабоко. Да сакаш премногу жестоко, да сакаш во свет што те наградува што остануваш плитко. Не сум изграден за плитко. Би сакал да се удавам во длабокиот крај отколку да лебдам таму каде што сите други пловат.

Не знам каде е таа. Девојката која ќе вози пушка и ќе се смее кога ќе пропуштам кривина. Оној што ќе се бори со мене, а потоа ќе се бори за мене, но ќе почекам. Ќе изградам. Ќе го претворам својот бес во бензин и ќе запалам оган толку силен што светот не може да го сврти погледот. Ќе ме нарекуваат опседнат. Опсесијата има изградено пирамиди. Опсесијата ги стави луѓето на месечината.

Студот нема да трае вечно. Еден ден, ќе ја клоцам таа врата.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom