Кеј,
Памтите ко умре Тоше Проески? Ја да, имаше тука многу солзи изјави, што ти ја знам, од колеги повеќе или помалку тажни, некои смешни.
Ја, не ја заборавив таа од Дино Мерлин. Овај го нејчев никош, прво да го забетонираме ова ко факт. Една песна не му знам реално. Натаму. Умре Тоше, па бидна бошнјакот интервјуиран, ден или два подоцна. На што Дино одговори баш така - умре шо умре, па додаде ..имаме ние и појаки машки вокали на Балканот, не е дека бил најдобриот. Пази кајгано, или замисли, умира некој со нецели 26ст или 27ум години колку имаше, без сопруга, без деца, без ништо, трагедија на векот, младо здраво право дете - и во тој момент на тежина место да ја затвори устата и да си пречути тоа што си мислел, пејачов од голема босанска вели - па не беше најдобар глас.
Знам дека има доста мржња, особено љубомора. Ама од Дино..еднаш си ја пуштив една песна негова на јутјуб, потпишана беше: Божич је. (а реков дека не го слушам, ми излезе предлог низ тоа Јелените, Милиците, Цеците мои). Ме изненади наслово?? ајде че го пуштам си реков.
Пееше нешто со стегање низ муцки, со глас на човек кој штотуку прележал Tуберколоза - во 18ти век во Јануар во Москва (кхм ако воопшто ја прележал), вака некако одеше.. божич јеее, а као да ниииијее. Почнав ебано да се прозевам. Нема да те лажам, мислам дека не ја дослушав цела.
Еден коментар ми остај впечаток па морав (така сонлив) да стиснам палец нагоре. Коментарот гласеше - "Дино, турска слино." Од Србин <3 беше пишан.