Да е еден и да е само на форумот.
Отсекогаш имало коцкање, дрога како пороци, алкохолизам и слично ама првите две како што се распространети особено од 2015-16 наваму, тоа чудо едно.
Нема фамилија шо не е заглавена на еден или на друг начин од некој нејзин член и безскруполозно се лаже, се измислуваат приказни, се гледа да се дојде до пари на секој можен начин. Тоа се луѓе како кои се вгнездила зависноста и нема лесен излез од такви ситуации.
Не е за чудење, едноставно општеството забрзано деградира и нималку нема здрав разум и здраво воспитување уште од најмлади години, семејствата како нуклеус се уништуваат, а институционално (од градинки, училишта, па натаму...) никој не превзема ништо да ги заштити децата и да од нив потоа се изградат стабилни индивидуи, критична маса која нема да подлегне на општоприфатените и искривени „норми и правила“.
Се наоѓаме во слободен пад како човештво, не само на форумот, во државата или пошироко во регионот.