Добар ден, сеа е февруари, сакам да ве известам дека во јули одмор ќе користам од тогаш до тогаш па ако можи да ми одобрите?
- Аааа дечко, НЕ. Колегата твој е на одмор тогаш,
не можи двата во исто време!!!
Така ли? Ами некој друг да ме замени (пример, можи Станко), ќе го обучиме со колегата дотогаш шо треба, не е проблем + време има. М, шо викате?
- Абе види дечко, не можи друг сеа, како така. „Правилото“ е такво: Ако едниот е на одмор, другиот мора да работи.
Океј, а дури овај едниот е на одмор и ужива другиот ако се споболи или умри ќе му најдите замена или ќе ја остајте оваа мајчина му сама од себе да работи фирмата?
- Ама не е сега така. Види, можи да земиш во друго време.
Хммм, не можи, жена ми уште лани во октомври го пиша одморот и за Ваша жал тоа е период кога одиме на одмор.
- Дечко, шо да ти кажиме, не можи тогаш на одмор да одиш.
Океј, дајте ми го тогаш одморот 2-3 недели претходно!
- Нели жена ти во друг период има одмор пишано, сама ли ќе оди?
Со кој сака нека оди, дај ми го ти мене одморот шо ми следува претходно да не се бркаме со адвокати дека не сакаш одмор да ми дадеш.
- Бујрум, одобрен одморот.
Фаст форвард неколку месеци... јуни зема одмор и веднаш после одморот му пука отказ. Нормално во отказен рок следи боловање.
Фирмата со ЕДЕН вработен на таа позиција наместо 2 недели седи така месец и пол.
Нека му ќисни.