Јас вака како ненормален и ретардиран што не отидов у Грција викендов, одлучив да прошетам низ нашава мила Македонија (Северна де). Бев до мојот роден град Паланка, сакав да ги прошетам моите кумови малце кои немаат никогаш отидено, бевме до манастирот кој за мене лично (пристрасен сум секако) е еден од најубавите манастири во светот, си бевме во кафана после тоа и све беше топ. Друго ми е муабетот, утредента се мислевме што да праиме и паднавме на идеја да појдеме до Кратово, и така никогаш не сме биле. Ја до душа знам каков град е Кратово, ко помал сум бил али низ магла се сеќавам и знам дека е класика гратче од Источна Македонија, мало, депресивно, карпесто и без луѓе. Од тоа што имам читано и учено знаев за кулите во градот, за тоа дека порано имало голем вулкан на истото место и дека се околу и под земја е карпа ради вулканската активност, ама искрено не сум знаел многу работи кои сега ги дознав и сфаќам дека ние македонците сме едни огромни дудуци и тиквари кои немаме поима од животот и не си ја сакаме доволно државата, а под сакање не мислам на скандирање никогаш северна и такви глупоштии, него на вакви работи ко погоре што спомнав.
Бевме во една од кулите бидејќи само таа работеше во сабота, имаше и кустос кој убаво ни објасни се за кулата и останатите кули кои биле 13 на број, па со сите војни што поминале останале само 6. Фасцинантни за мене беа тунелите, кој бил знае, не дека ќе видиш којзнае што, влагаш преку тоа кафанчето и идеш во еден тунел, ама приказната околу тунелите и како настанале е баш фасцинантна. Целиот град бил поврзан со тунели, значи како што го гледаме од надвор градот така бил и под земја, и од секоја кула имало пристап преку тунелите до некој од излезите од градот, што за тоа време кога немало механизација и се работело све рачно ти да изградиш подземна мрежа која не служела само за движење на луѓето туку и за ковање и изработка на златници (исто се шпекулира дека првите златници тука се произведувале), а и за криење од непријателот е стварно импресивно.
Мислам дека пишав и лани, одлучивме вака во викенди бар еднаш месечно или еднаш у два месеци да си посетуваме некое место во Македонија кое го немаме посетено, зашо преку кур од дремење на кафе во истите кафичи во Скопје и терање на безвезни муабети. Следна на пик ми е Струмица, сум бил во градот ама сакам да појдам на водопадите и сакам да видам дел од убавините во тој дел на Македонија.
П.с. Паланка моментално е еден од најсредените градови во земјава, запрепастен сум колку е сменет во однос на порано. Кејот е 30393934324324 пати посреден од оној во Скопје, делот околу плоштадот, апсолутно секоја чест.