Хоуп
ümid edirəm
- Член од
- 13 април 2012
- Мислења
- 2.620
- Поени од реакции
- 9.800
Значи животот помина, медицината напредна, технологијата замина, клонови се прават, автомобили во воздух летаат, луѓе се телепортираат, а комшииве уште музики цела ноќ ми пуштаат. Единствено што се смени е репертоарот. Ваљда со трендот и музиката ја сменија. Има тука од транс до ромски чочеци, порано само чочеците беа.
И јас пак се јавувам во полиција... За грев. 10 години се јавувам и 10 години кога по 40 минути ќе дојдат полицајци музиката веќе изгасната и со мене се расправаме имало немало музика дур една ноќ не ми рече еден џунџар од полицаец-за лажна пријава ќе си платиш 50 евра. Море мрш.
Ама некој месец не викав... Од кај јас 50 евра за фрлање.
И после долго време сега се јавив пак. Трема како прв пат да се јавувам, помина време, ќе се сетат на мене, абе стрес како да ми е прв пат.
Ало, ало и почнав јас да мелам, мислам 10 години истото да го збориш ќе знаеш и во сон да го кажеш. 10 минути објаснувам, овде има и бебиња и стари и изнемоштени лица, абе цела зграда нетокму и мора да се одмараат такви лица а не чочеци до 5 сабајле.
И јас зборам ли зборам и на крај тој ми вика а гласна музика има од друг стан? Не човече јас ти се јавив да видам како сте. И сто пати кој е тој стан кој е мојот, абе ееееј и кај мене ѕвонеа дека имало пријава за гласна музика.... Во 2 сабајле. Секако после пола саат и секако нема музика. И пак мелам јас, абе не нема шанса да кажеш човечки, па ми вика тој како и да е следен пат потивко зошто ќе добиете пријава. Дека јас пријавив оди објасни му на пикавец. Како бе само пријави јас да добивам си викам и како што стоеа онака пред скали си викам една нога на двајцата и чао. Ама па и за тоа ќе ми донесат пријава....
И така, животот тече и се менува, ама чочеците не се изгаснаа...