Драга,
Прогласувам крај на сочуствата за загинатите во Украина, за масакрираните деца во Палестина, за безброј срцепарателни статуси, за бројчиња за донации, за младата Вања, и најважното кај македончето, Данела го накити Скопје како што доликува во нормални услови, па крај и за безброј статуси и главна тема на социјалните медиуми, елката на плоштад во Скопје. Затоа сега, завршете го како што доликува декември, и општо 2023, трк на предновогодишни забави со колеги на кои до вчера вртевте грб од омраза, празничната еуфорија започнува-а-а-а! Сочуствата ќе ги оставиме за месец подоцна. Која дволичност од луѓе сме, некој ќе помисли, цело зло што ни се случува, со право ни се случува..