Периодов сум доста накурчен. Така утрово на состанок на една од работа и реков, горе-долу, меѓу редови, да ја затвори устата. Претерав или. Настрана ми моча.
Типкава има газ колку Бразил, е ептен вошлива, пија кока кола за Фруштук, плус нео-наци и само прогласен ауслендер-фајнд. Алзо, совршена е за да ја мелам салата. Баш јас какви шо сакам. На цел спрат му гази онака отровно на живец, се таа подобро е (иако е далеку помалку школована од 90 посто од нас), ама ми се чини сите колеги немо постигнале консензус, дека че и чутат. Сите освен ја, нормално. Ми улетува на секој збор, на секое зборче капаче. Не бевме ни 1на ебана минута во состанокот. Само шо сме седнале, во име на Бога во 7 часот наутро. Мојот одговор беше - Стоп, со раката и покажав знак за стоп пред лице. Ова беше веројатно премногу ако се преиспитам вака сега. Остајме да завршам, смеам да ја донесам реченицава докрај? Беше шокирана, ја отвори устата, ја затвори, лицето пожар црвено, уште еднаш не гугна. Смеам.
Дур да ја довршам реченицата кажав дека сум напрајл токму тоа, таа што предлагаше, а претпостави сосем природно дека не било направено, пошто само незе би и текнало тоа. Еј, не е баш бистра.
Че ја попрам периодов. Ќе и доставам онака баш пред нос, очигледно, малце јужњачки темпрерамент. Не за мене, куро ме боли мене дали ме прекинала. За неа, лично. Ако не научи да ја затвора устата почесто, че си напрај проблеми натака, оти че и ја затвори некој бетер од мене. За нејзино добро е ова.
Вам ве бакнувам.