Се спремам да сум баш miserable за Зилбестер, или 31ви и 1ви, за тие од негерманското подрачје. Поканет на некоја балканска журка, таму негде. Ќе очајувам, осеќам, ваљда така ми одговара на куров во моментов. Не мора сите да сме радосни периодов. Јас задоволно одбирам да очајувам, навикнат, ми се чини магистрирав на таа тема и научив да ја уживам. Ми стои, зар не Господи? Тука би се сложил и тој.
Ама и те како ти гарантирам дека таму ќе се појавам во најблескаво светло, кеј. Површен ко секогаш. Ќе гледам и на посебен режим храна да се удрам периодов, да турнам и тоа минимум што останало да ми смета.
Мајка ми, би ме отепала да знај шо слушам.
Во новата ќе си посакам да слушам и посреќни љубовни. А ако сепак не дочекам, пак преку-напреку.