Годинава нешто се дешава со некои луѓе. Се извинувам како надоврзување е ама мислењево погоре ме потсети на една допишуванка сабајлево. Дел сме од еден едукативен проект на Европска Унија за европски вредности, но секако добредојдени беа и земји од по на исток и дел се и посебните денови.
Сега секој член на член по избор треба да испрати честитка за Нова година и да ја дизајнира. Леле кога рипнаа овие од Јордан ли од каде, зошто така, еве ние сакаме активноста да се вика Еид низ светот, ќе прифатите ли, не знам шо. Координаторката, многу беше фина и трпелива и на крај се преименува во празници низ светот.
Што е нелогично, оти во името на проектот стои Европа, фактички се учи за културата на европските земји и ниту една друга земја не се побуни, а не беа само тие Муслимани. И така поради тоа што има доста партнери со различни култури, сигурно кај април месец коа му е време ќе имаше активност и за тие празници. Чоек, ако ти смета Нова Година шо уствари и не е некој религиозен празник, зошто си дел од проект со цел презентирање европски вредности кога одбиваш задача за празник што скоро цела Европа го слави... Башка, не е славење, проектна задача е. Ја у шесто правев хамер за водоземци со 4 други другарчиња и никој од нас сѐ уште не се претвори во жаба.
Ево и нека пречи... ај не сум атеист, пак разбирам, осетлива сум, ама мајку му на помалку нервозен начин да кажеше...