Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Драга
Овде веќе одамна нема смисла да работиш во приватен сектор. Време за ништо немаш ,работиш викенд и празници и на крај Вторник си слободен а 10 дена одмпр годишно...
Луѓето си одат викенди си одат планини сега ,убавина.
Со велам , да си платам на некого сув ќеш да ме вработи партиски од Понеделник до Петок на некој шалтер или незнам поштар па раат да чинам ,м? Да си имам и одмор 21 ден и се како шо треба. Нема правда нема мир.

Sent from my SM-A025G using Tapatalk
 
Драга, добро вечер.
Интересна работа колку гласот на луѓето влијае врз мене. Бев до месарница да земам пилешко, еве го саламурисав, ќе чека до утре и една група луѓе многу гласно што збореа и тоа со пискав глас буквално ме извадија од такт. После ми падна криво зошто така се осетив, ама потсвест шо да праам. Потоа се помислив, сите со коишто сум блиска од фамилија имаат убав глас. Мајка ми, (некогаш) татко ми, тетка ми, втората братучетка. Сите ко раскажувачи на бајки во детска програма.

После ми текна дека најдобрата моја другарка по некоја логика има таква интонација и дикција ко спикер да е. Еднаш не сум ја чула да е неартикулирана.
Потсвесно сум правела околу себе круг на луѓе според гласот. А, самата сум тивка личност, освен ако ми се погоди муабетот.
 
Драа

После толку време, една колешка на работа ја ставивме прв пат да куца на каса.Почна со показалецот да пипка по мониорот. Ние газење. Вика на претходното работно место, програмот бил на тач. Па добро бе мајку стара, скоро една година е кај нас, нели примети дека не е ист програмот и дека ние работимс со маус. И викам ја со маус еј,со маус.
Она се испаничи го зема маусот(бежичен) и пау го стави на мониторот и почна да движи по него, како на мауспад.
Солзи сами капат прости ми.
Се убивме од смеење.

Истата ми се падна на она дип шит срање сикрет санта.
Ке и купам маус.




Поздраф до цимерот од дваесдвојка.
@Zlatikevichius
 
Драга

Видов припадници на малцинската етничка заедница како се сликаат покрај елка и Дедо Мраз. Немој да им го дољета хоџата од џамија да им каже дека го прават харам.
 
Драга,
Денес имав работа нешто во еден кварт кајшо има луѓе со советско потекло.

Кога и да одам случајни минувачи за каква било потреба прашање информација секад ми се обраќаат на руски или украински, од бабички до деца до мажи, жени. Бабичката ја прашав зашто ми вика така сум гледала и со очите сум се смеела како дете. Срцушка една. Нормално де, да ми речеше зашто си убава, ќе ѝ речев вие македонска убавина не сте виделе значи.

Сеа последно, еден изгледа девојчето си го препознал се затрча по мене после извини вика грешка. :D Убај луѓе сте, фала на комплимент, не сум ни нашминкана чак што више. :)
 
Последно уредено:
Драга,

Не ми се верува дека постојат во 21 век такви радикални фанатици кои не сакаат да учествуваат во Secret Santa зашто било спротивно на нивната вера. Е па другарче, извини, ама од денес една празнична дневница нема да видиш, зашто не е спротивно на твојата вера да лапаш 2 и пол дневници за празник што не го славиш? :pov:
 
Годинава нешто се дешава со некои луѓе. Се извинувам како надоврзување е ама мислењево погоре ме потсети на една допишуванка сабајлево. Дел сме од еден едукативен проект на Европска Унија за европски вредности, но секако добредојдени беа и земји од по на исток и дел се и посебните денови.

Сега секој член на член по избор треба да испрати честитка за Нова година и да ја дизајнира. Леле кога рипнаа овие од Јордан ли од каде, зошто така, еве ние сакаме активноста да се вика Еид низ светот, ќе прифатите ли, не знам шо. Координаторката, многу беше фина и трпелива и на крај се преименува во празници низ светот.
Што е нелогично, оти во името на проектот стои Европа, фактички се учи за културата на европските земји и ниту една друга земја не се побуни, а не беа само тие Муслимани. И така поради тоа што има доста партнери со различни култури, сигурно кај април месец коа му е време ќе имаше активност и за тие празници. Чоек, ако ти смета Нова Година шо уствари и не е некој религиозен празник, зошто си дел од проект со цел презентирање европски вредности кога одбиваш задача за празник што скоро цела Европа го слави... Башка, не е славење, проектна задача е. Ја у шесто правев хамер за водоземци со 4 други другарчиња и никој од нас сѐ уште не се претвори во жаба.

Ево и нека пречи... ај не сум атеист, пак разбирам, осетлива сум, ама мајку му на помалку нервозен начин да кажеше...
 
Последно уредено:
Драга,

е баш заради горенаведениот проблем на Јосип Броз Тито девојчето, се откажав од волонтирање во невладини, па макар и со деца.
Колку и да се трудиш не можеш ти на некои да им објасниш дека прифаќањето и почитувањето на различностите се цивилизациски вредности се додека тие ги учат децата дека ебењето кози и подготвувањето бомби за разнесување по автобуси и возови е ок.
 
Oд утре планирам бек он трак ДК, суплементација и тешки тренинзи и салати и HQ храна. Нитрооксид, витамини, минерали, медитација и тежок тренинг, како за робијаши. Стискај палци, а ако не стискаш палци онда нема везе. Ова ми е задње литроипол вино у оваа 2023 :D
 
Драга, им се восхитувам на глумците во театар за способноста на интероперабилност во сред сцена со повеќе улоги.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom