Седнав вчера за ручек во некој ресторан и откако нарачав, почнаа да пуштаат гласно некое новокомпонирано срање, пејачката се дереше нешто, единствено што можев да разберам од текстот беше "shut up, shut up, shut up...". А сакав да одморам малку, тоа гомно ми го свари мозокот начисто и после тоа сакав само да се приберам дома и да спијам. Почнувам да ги разбирам оние сцени од историски/фантази филмови кога на кралот не му се допаѓа артистот па го праќа да му го сечат јазикот или да се бори со лавови. Да сум диктатор со неограничена моќ не би почнал од политички противници туку прво би ги стрелал сите во денешнава мејнстрим музичка индустрија а по нив ликовите што брмчат со мотори пред зграда во еден по полноќ, матер им.
Со два пара слушалки од сега па натаму, мора некако да му се застане на патот на овој терор.