Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.844
Поени од реакции
6.454
Ќејк,

не е хумано колку се смеев на ова. Вака го замислувам и еден астралјанец ко че дојди да ја посети Европа после печеесе години.

to decorate their houses or some shit рече бе :ROFLMAO:

 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.028
Прв пат запознавам Германец што на 38 години има над 3 деца, овој 5 има :D
И прв пат некој од кога ќе му кажам колку години имам да не ми рече а млад си, 24 ќе правам за пола година и ептен не ми се "старее", полека сфаќам како се чуствува пола форум со над 30ка :icon_mrgr:

ПС: Тешко е да заборавиш некој работи во мал град, секогаш ќе те подсетува нешто кога ќе видиш и одново ќе ти прави да се сеќаваш и така секој ден, пак и пак.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.960
Поени од реакции
25.519
Немал ни 24. Сите по една клоца и по цигари да го пратиме, да купи со негови пари и кусур да ни донесе.
Како се чувствувале тие над 30, сеа ќе ти кажам... Си го скрив роденденот на фејс, никој нит да знае, нит да честита. Матори со толку години начукани во газот, ќе се лигавиме да си честитаме... Што ќе честитаме? Една година поблиску до смртта? Пола живот си го проживеал, надевај се дека уште толку ти останало да живееш, ако имаш среќа.
Потајно се надевам дека и маж ми ќе заборави. Плус ќе работам тој ден скоро цел ден, тоа го прави денот уште толку небитен.

+30
 
Последно уредено:
Член од
4 август 2018
Мислења
1.570
Поени од реакции
3.365
Д.К.

1.Само измислуваат разни узречици и глупости последнава што ја прочитав е (self aware wolf) која е уште еден камен врз вистината,одрон од карпа на патот,мотив за уште една поделба на и така безбројните поделби помеѓу луѓето..

2.Во последно време слушам арапски песни ми беше потребна некоја друга енергија од песни кои не ги разбирам за да ми се отворат ,,чакрите” и завијам као ранет волк на месечина да ми допрат емоциите до Севишниот пошто се е тоа испозатнато од секојдневниот живот и борбата да останеш нормален во овој свет...

 
Последно уредено:

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.204
Верниците од исламска вероисповед денеска го слават рамазан бајрам...
Кур ме боли!

п.с
Пазарчето у Ѓорче денеска,да ти е мерак да го прошеташ
 
Член од
3 јануари 2023
Мислења
9.155
Поени од реакции
5.744
Прекрасен пролетен сончев ден, седам во двор, пијам кафе.
Топол ветер ме гали по лицето брадосано и ќелавата ми глава.
Мислите се одлетани некаде во далечината, во позадина се слуша музика.
Времето, заедно со пулсирачкото движење, ја менува иднината.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.151
Поени од реакции
16.088
Драга,

Јас ќе имам роденден за две недели и едвај чекам. Ќе почнам да ја ситнам 30ката, ама никад поарно не сум се осеќала. Секоја година си го викам истото додуша, тоа е таа позитива во мене, а луѓето секогаш за мене викаат негативна сум била. Јас вака гледам на родендени - поарно да го славам неголи алтернативата. И сите сакам да ми честитаат, не на фб, пошо не се гледа, ама тие што знаат, сакам, мој ден е, ко јас што честитам на оние што им ги памтам и ме занимаат ко луѓе.

Баба ми знам што ќе рече - дека сака правнуче годинава. Среќа жените на братучедите се породија пред неколку месеци, па сега е зафатена и само за правнуките збори, ама тие личат на мајките, што не и се баш фамилија, па уште знае да замара. Не ме сфаќа кога и викам дека засега ми е топ вака, еве од сабајле потсредив дома малце, сега дремам на интернет со музиче, да не планирав после да поминам 5-6 саати во планирање на патување наредна недела и да си пингам места што сакам да ги видам на мапа, ќе бевме на некоја плажа, планина, национален парк, прашума, било што од еден куп ствари што уште немаме стигнато да ги видиме. Ама не, тоа не исполнува, само дете исполнувало. Ок, кого му е тоа приоритет, нека си ги прави и чува, јас ќе си ги правам и чувам понатака, секој нека си тера по патот и нека ми се макне од идеи за мојот. Тоа може да ми е и роденденска желба. :D
Фала, пријатно.
 

Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.529
Поени од реакции
4.360
Драга К,
Денес дознав ќе снимаат серија The Penguin, за ликот од Бетмен. За ликот, кој у принцип е кус деформиран мафијаш шо сака ладно. Сеѓа веројатно ќе му лупнат некоја дубина на карактер и нешто трагично и што и да не. Џоа Пики Блајндерс или некој курац. Се колнам, типот никад не бил повеќе од една нота, и сега артистично корумпираниве ќе пробаат да го молзат. Следно крокодилот ќе има Sob Story и глупости. не мора секој да има дубина....
 

Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.844
Поени од реакции
6.454
Светлана е супругата на рускиот министер за одбрана Тимур (ова не e турско име?).
И додека овај врши воени злосторства во Украина, типкава пуши пури во...Каде? Ни маплку ни повеќе?
Франција. Инстаграм профилот и е преполн со слики од бесни коли на азурниот брег, луксуз вили на Èze и остатокот од St. Tropez.
Како реакција група на француски активисти се собра пред нивниот стан во Париз, па им порача да си одат.
Додека мажотје води Војна, таа во Франција си врви вака некако:

  • 850.000 Euro an Mieten für Villen in St. Tropez (за наем на вила во Свети Т.)
  • 250.000 Euro an Mieten für Jachten (за наем на Јахти)
  • 200.000 Euro für den Kauf und die Wartung eines Rolls-Royce (за купување на Ролс Ројс)
  • Insgesamt 104.000 Euro für Schmuck bei einem Pariser Juwelier (за накит од Париска Златара)
  • 153.000 Euro für eine Laufstegkollektion von Dolce & Gabbana (за Долче)
  • 70.000 Euro für einen Auftritt von Thomas Anders bei ihrer Hochzeit (за свадбата во фустан од Томас Андерс)
  • 178.000 Euro für die Geburtstagsparty von Iwanow in Istanbul (за роѓенданот на Тимур во Константинопол).


Ова се луѓето кои ќе ја извадат Европа и Светот, на правиот пат.




Неком че сузе неком бисери. Рече Калиопа наша на времето одамна.

 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom