Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.727
Поени од реакции
13.465
Passed down to you...

Ај глеам дека сите си праиме тука една ретроспектива, па нека ја продолжам и јас низата.
Спротивно од @Zlatikevichius, годинава кај мене помина во релативно нагорна линија. Ако 2020 кај повеќето (вклучувајќи ме и мене) беше нешто за што не би сакал да имам сеќавања, 2021ва беше годината на залечувањето на раните, оваа беше годината кога добив некаков фидбек од годината предтоа. Започна со освежување на врските со одредени драги личности. Неколку испиени кафиња со стари форумџии, собири со старото друштво по кафани, откривање на некои локали во градот за кои појма сум немал до сеа. Сума сумарум од друштвениот живот сум презадоволен, и после 2те години живеење во тотален мрак, сметам дека ова е една мала ренесанса во оваа животна епоха.
Од професионална гледна точка, благ пораст. Стекнување поголема доверба во тимот, научено понешто ново, у принцип нема што многу да се збори.
Од уметничко-литературна гледна точка, доста скржаво ја поминав. Иако посетени повеќе промоции на писатели/уметници од двете претходни години заедно, годинава мислам немав некоја желба да ги довршувам веќе започнатите „предизвици“. Со само 15 книги прочитани (од кои 3 веќе по 2пати), сметам дека доста потфрлив. Но можеби тоа се должи ради поголемата желба за социјализација со луѓе или едноставно малку се презаситив од тој животен стил кој се базира само на книги/филмови/музика како водечка сила. There's more life to it, мислам...
На љубовен план... подобро од минатите 5 години, но мислам пак дека ќе удрам во ѕид, освен ако не променам траекторија на одредени постапки. Во секој случај, штом гајам надеж, има и начин за понатаму. Осознавањето на некои ситуации сега од поинаков агол и веќе здобиеното искуство даваат комплетно различна слика на нештата. We outgrew our old fears.
Што очекувам од иднинава... Неам некои концизни подточки каде би одело сево ова. Но мислам после поминатиот хијатус, ништо не треба да сфаќам здраво за готово. Дури и едно излегување со саканата личност може да биде последно. Затоа треба да се ужива во дадениот момент. Без одредени планови и големи очекувања. Прекратко сме тука за да ја трошиме целата енергија за недофатливи соништа. И најбитната цена е - време. "No amount of money bought a second of time".
So says Saladin...
 
Член од
28 јуни 2022
Мислења
2.857
Поени од реакции
9.909
Драга, годинава ми се наместија коцките за работа, за другата се што сакам е нова полица, да направам реорганизација на нештата за читање, ќе останат само најдобрите, другите ќе одат на гивавеј, ќе продолжам со купување само на серијали како Астерикс и Корто за да ги комплетирам, а се друго што немам ќе го читам онлајн, не за џабе го купив таблетот, до душа до сега веќе пола го имам "извадено" со тоа што прочитав дестина нешта кои вредат 1к и више, а и да не заборавам, точакот, ќе гледам да се извадам и за тоа што слабо извозив годинава, новата главина е порачана, така да нема толку лесно да се кинат спици сеа, по триесе км да мавам дневно, јас сум топ, а ти Драга секако си топ, позз.
 

ruller

Expert
Член од
5 септември 2011
Мислења
535
Поени од реакции
367
DK ajde neka pomini novata godina da se napijam ko stoka oti ne se trpi veke (pijam antibiotici)
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.591
Дојде денот да ја испратиме 2022 година...

За мене почна ужасно лошо, ја дочекав годината во изолација со ковид. Но уште тогаш си реков дека некогаш кога годината тргне лошо, барем остатокот испаѓа добар. И навистина така беше во најголем дел, па генерално ќе ја паметам по убаво.

На професионален план беше доста напорно, но успешно. На приватен план до мене е личноста ради која веќе година и пол животот ми е исполнет со љубов, почит и разбирање. И тоа е се' што е важно. Годинава меѓу другото ќе паметам и еден преубав летен одмор заедно.

Еден од најдобрите другари стана татко за прв пат. Друг почна нов живот во странство. Заврши една ера на секојдневни другарувања, но тоа е тоа. Животот и годините си го носат своето. Најбитно спомените остануваат.

24 мај 2022 вечно ќе го паметам зашто ми се оствари еден од најголемите соништа. Ги гледав и слушав во живо Iron Maiden. Една од работите што фигурираа највисоко на мојот bucket list е пречкртана.

А пошто фудбалот е една од најбитните споредни работи, мора да спомнам пак и дека годината ќе ја паметам и по тоа што Аргентина стана светски првак конечно и ја доживеав една од најголемите радости како навивач.

2023 знам дека ќе донесе многу предизвици на секаков план. Прво да сме живи, здрави и нормални па другото ваљда ќе си дојде на место.

Среќна нова на сите тука, се читаме пак за некој ден.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Ептен е лошо да си роден во седумдесетите.

Своите тинејџерски години ги поминуваш во осумдесетите. Стресот од влегувањето во нов период од животот го канализираш во слушање на рок и метал после училиште.
Родителите ти викаат дека само наркомани, пијаници и идиоти го слушаат тоа.

Сега си веќе стар. Секојдневната рутина те има совладано и си на прагот од влегување во шестата деценија од животот. Стресот од влегувањето во нов период од животот го канализираш во слушање на турбофолк после работа.
Децата ти викаат дека само наркомани, пијнаници и идиоти го слушаат тоа.
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
11.438
Поени од реакции
28.732
Драга,

следнава година на 2 октомври ќе направам мал јубилеј на форумов. Десетка.
Ти посакувам среќна, весела, пред се исполнета со здравје, љубов, среќа и подобро расположение 2023 година.

 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Кај мене почна порано повесело, па уште сега ќе честитам на сите нова година. Да ве прати многу здравје, среќа и многу љубов, од смеење да не куртулите цела година, друго ништо не ви треба.


 

Kajgana Shop

На врв Bottom