Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
8 мај 2013
Мислења
11.887
Поени од реакции
36.946
Многу ми е јебено мило што ги фатив златните години на електронската музика со Колосеум и се поклопија со моите златни формативни години за тоа што е добар провод и забава. Во денешно време ќе донесат некој топ диџеј инцидентно за празници или како one time thing. Ама тогаш Колосеум редовно, секоја недела ти носи топ диџеј, годишно ти носи барем 10 од топ 20 диџеи во светот. Не праиме муабет за некој пред умирање или последната добра трака што му била во времето на Реган, праиме муабет за топ листа диџеи на DJ Mag моменталниот врв во електронската музика. Доаѓа Hernan Cattaneo, доаѓа Martin Solveig па после наредна недела доаѓа Eric Prydz па после него Sandern van Doorn, па Eric Prydz пак во летното. Carl Cox во Метрополис, John Digweed има журка… Луѓево пуштаат музика кај нас па нареден ден летаат за Ибица, Мајами, Амстердам на други журки.

Многу е различно кога имаш еден таков константен flow на артисти од еден жарн, па во градот успева да се изгради публика/заедница која ги прати работите и разбира добра журка и музика, за разлика од такви one off настани. Ако добро се сеќавам тогаш Колосеум го имаше и во DJ Mag како еден од најдобрите клубови за електронска музика во Источна Европа.

Тогаш идеш во диско и се враќаш дома со утоп маица. Тогаш во диско има јебен провод и журка. :D

Со @Sussaro сме се погодиле на еден куп журки, ама за жал не чувам карти. Единствено што успеав да ископам се две карти кои ми служеле и сум ги заборавил како сепаратори во две книги :D

D7C870D4-7884-4F7D-9D5A-EC624FA494A2.jpeg

поззззз

 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Гоа Гил на тврдината во Бардовци беше легендарна журка. Безброј журки во мкц, ла фабрик, Кастро, дајнамик, саем, лизгалиште, кафичот Пабло, клуб Ритокс , Папаја, на Козјак, на велешко, хангари у Драчево, Волково на отворено итн. Македонската псај транс сцена беше доста продуктивна. Артисти и актови како Атриом, Марко imaginary sight umrel pred mesec dena rip, blisargon demogоrgon, no i goa ko judishtira, sinestezija i progresive ko egoritmia i mnogu mnogu drugi.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.454
Поени од реакции
10.373
ДК
Изгледа оваа мерка со бесплатниот јавен превоз против загадувањето е магична...еден ден функционира и потоа.... опаааа, имаме " чист воздух" и...и толку од бесплатното возење :(
Како одат работиве во државичкава, веќе не се надевам дека ќе дочекам да видам нов клинички центар, модерен луна парк...еххххх...годините си врват:(
 

McLovin

Politically Incorrect
Член од
11 август 2016
Мислења
3.796
Поени од реакции
14.903
Драга Кајгана стана тема за поплаки од државата. Секој втор пост е негативен, жалење, кукање. Ако од овде сметате дека ке промените нешто, свака част, вие сте новите "бутнавме режим со постови".
 

Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.300
Поени од реакции
7.026
К.

2022...чудна година. All time highs & all time lows допрени. Година што дефинитивно ми ја одбележа таа. И покрај сите red flags, тргнав јако како да нема утре. Се разбудија некои чувства што мислев дека нема да ги доживеам пак, беше прекрасно на почетокот, на крајот станав роб на тоа што го наметнав уште на самиот почеток и ми сметаа работите, што уствари сам ги правев на самиот почеток. Од сегашна перспектива, превише време така изгубено, ниту ваму ниту таму. Здравјето ме служеше, барем од тоа можам да сум задоволен..физичкото, психичкото годинава милијарда депресии, анксиозности, проблеми со самодоверба, ама па и некои навистина среќни ситници, мали моменти, што не знам дали претходно сум ги осетил.
Дефинитивно најголема лекција што ја научив годинава - никогаш не се менувај за други луѓе, не се посветувај целосно на никој, т.е. посвети се сам на себе, а подоцна ако остане време и за другите. Исто така, малце повеќе живеј во сегашноста, минатото не се повторува, носталгијата те убива едноставно, а иднината никогаш не излегува како што планираш. Никогаш не знаеш кога ти е последен момент со некого(годинава, за жал, 2 пати тоа го осетив), така да...звучи клише, ама уживај у секој момент поминат со луѓе што ти значат, никогаш не знаеш кога би можело да биде последно.
Планирав многу да се расприкажам, у главава имав цел концепт за тоа што сакам да пишам/кажам за целава година, како завршна сметка, ама некако ми снема поента целосно. И ова погоре ми е некако безвеза напишано, ама нека стои за секој случај...Која иронија, малце погоре пишав да не се враќам више назад, носталгијата не ти е пријател, те убива, а ова го пишувам за во иднина кога ќе читам да знам што и како сум се осеќал периодов ваљда (дека некогаш ме фаќа носталгија и на Кајгана, си враќам стари постови за да знам како сум поминувал периоди...болесник, нели)
Ништо, желбите за новата година ми остануваат исти како претходните...малце постабилно, да се посветам на себе малце повеќе, многу убави работи треба да се случат во 2023(уште една иронија, погоре пишам дека иднината никогаш не излегува како што планираш, а веќе се испланирав за 2023 година, на крај кога нема да се оствари пак ќе кукам). Да ми се повторат убавите работи од 2022, да го елиминирам замарањето од 2022 и то..
П.с. се убив Дота 2 играње, од понеделникот до сеа 30+ саати иам изиграно, а собата уште ми е хаос, нешто што си реков дека за викендот ќе го средам...Procrastination-от ми зема огромен дел од животот, ниту еден од проблемите не се решава со одлагање, така да се надевам дека во 2023 ќе работам посебно на тоа поле.

Зз
 
Ф

Флеш

Гостин
Драга моја


Се осечам ко педер но крајно ми недостасува Византиецот и неговите снобовски постови ...

ВРАТИ СЕ НАЗАД !!!!!

Ме маваат флешови ....


 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.429
Поени од реакции
39.042
Zvezde granda ili toa souto nikad nije kasno da ti e interesno i da naogjas zabava vo ova, treba da si prilicno low life redneck firomski.

Da vi snimam sea edno video vo kakvo drustvo sum ke srusam rekordi u zbiranje lajkovi od zbunetost wow i hehehenca, mi ide da ripnam na glava na betonski pod i da se rasporam kako lubenica na kvantaski pazar.

Sve da si ebam u picka. Volume 100, stomaci u ofsajd i guski za zeni so 15 min raboten staz. Mirise na mishki, eftina rakija i 53 IQ.

Da umram. Izvinete za latinicata.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.191
Поени од реакции
10.210
Драгче, ме знаат по уметничкиве афинитети и ме викнаа да снимам приватна журка вечерва у некој батал од место. За успомен на домаќините.

Топ атмосфера.


П.С. го упознав и Дел Бој, не бил во Лондон.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Драга,

Дојде време за една ретроспектива шчо напраифме во минатава, и шчо требит да напраиме во наредната година.

Согласно мојата семантика каде интересно го употребувам за тешко и комплексно, минатава би ја класифицирал како една од најинтересните на речиси секое поле, а ќе ја паметам додека сум жив.

Речиси се што намислив и остварив, многу потешко од тоа што имав во план, но затоа стекнав искуство кое не се доплаќа со пари.

Имаше и добри и лоши моменти, многу стрес, нервоза, страв од грешки, многу несигурност и исчекување, многу непреспиени ноќи, излегување од зоната на комфор како никогаш досега, нови и непознати противници, доста импровизирање, нови правила на игра и многу далеку од сите што ги познаваме.

Ќе треба да оставам некаде записи за сите детали што се случуваа, па да може некогаш да им доловам на потомците низ што сме поминале, најголем дел од работите нема да имаат шанса да ги сретнат во книга или на интернет.

Тоа бебето од ланската година порасна и созреа прилично, и е време да помогне околу новите бебиња кои тукушто не почнале да лазат, но овој пат се надевам дека ќе бидат цела игротека со многу различни вештини и на различни континенти.

Од аспект на здравствена состојба, во потесното семејство скоро сите поминавме без посериозни проблеми, дури и низ короната, но има сегменти кои ќе треба да се подобрат и се на врв на листата за 2023та.

Една од работите која ме прави исклучително среќен е тоа што гледам огромен личен напредок на тие околу мене, ова ме радува повеќе и од моите успеси :love:

Од малку поширокото опкружување не сум премногу разочаран, затоа што секогаш тргнувам со мали/без очекувања: ми помогнаа луѓе од кои нејмалку очекував, дел пробаа да ме заебат, дел на збор како и секогаш ветуваат дека ќе „помогнат“, некои се радуваа дека ми било тешко, некои ме најдоа од корист и со надеж да ќарат од мене, а и прецртав едно чудо на луѓе кои си ја покажаа својата љубомора - а што е најтрагично сум им помогнал повеќе и од нивните дома.

Бидејќи беше „интересна година“, периодов решив да одморам, листата за шетање е прилично долга и имам намера да посетиме што е можно повеќе локации.

За нареднава година:

Имам неколку цели и ветувања кои треба да ги остварам кон себе и блиските, започнав со планирање уште пред неколку денови, и се надевам дека дел од нив ќе бидат комплетирани до средина на 2023та.

Листата за шетање ќе се префрли во 2023та за се што ќе остане, а ќе има локации и за наредните години. Нареднава година се надевам дека ќе можам да најдам повеќе „слободно време“.

На професионално поле очекувам зголемена експанзија, се надевам дека ќе го фатиме правилниот бран и дека ќе биде поинтересно и од оваа година, имам многу идеи само сум краток на време и ресурси за одредени, па може и да променам одредени концепти.
Уште во прва половина на месецот ќе стане интересно, се надевам дека со тој проблем нема да бидам приморан да губам повеќе енергија од тоа што имам намера, затоа што со решението ќе има и не толку задоволни страни.

Бидејќи не сум манекенка да барам мир во светот кој никогаш нема да го има, ниту пак премногу добар со зборови, мојата новогодишна честитка до вас е: Среќна Нова, останете безбедни и здрави, не правете глупости за кои ќе се каете во иднина, градете врски/пријателства базирани на доверба, почитувајте си ги блиските, помислете секогаш пред да кажете нешто, и ако навистина сакате промена - изградете подобра верзија од себе!
 
Последно уредено:
Ф

Флеш

Гостин
Ќе преместам за денес само тука денот како ми звучи .... Опростете ....

 

Kajgana Shop

На врв Bottom