Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.820
Поени од реакции
6.409
Кеј, отварам кајгана Вести, читам,

„Да не ни го земеа морето, ќе имавме пристаниште“, рече Орбан.

За Јадранот ова, сме им го зеле Морето бе. Ај решете се еднаш чие е, Илиријско или Туркијско-Маџарско. Ако е Илиријско (а ова ѐ), тогаш е Црно-горско, Далматинско и Српско, пошто овие имаат процентуално најмногу илириски гени. Имено, Виктор Орбан заминал на фудбалски натпревар со шал на голема Унгарија, оваа инкорпорира повеќе од неколку декари од нашата Екс девојка. Туркисјки Огурски народи ни биле судени? :toe: Нам бугарите, ним горе маџарите? На овие Маџариве, ни јазикот не им е Индо-Европски. Ако меѓу Словенските, Викиншките, Келтските јазици, Латинскиот и Санскритот можиш да најдиш шокантна врска од јазични сличности (затоа нам ни е толку лесно, за година-две да ги совладаме овие јазици), со овие не можиш. Исто како што немаме врска со Арапски/Кинески, така и со овие.

Енивејс, смрт за Фашизмот е денешната византиска мисла. Издувана идеологија. Ни го зедоа морето бе. Пак да се крстите во него дежурни Фаш гревови, тој ќе ви ги реши приватните неуспеси. Че го здроби како сува пиперка, Франција, некој од овие денови. Едвај чекам таа драма да ја проследам, со темно-син коктел во дланка, во Швајц термални бајни.
Ќе биди нешто слично на тоа некогаш со Венецијанската Република, на која турците на коњи, исто и беа намерачени. Ќе ја редуцираат бетер од тоа, на што тогаш ја редуцирале. Бесен газ? крвав нос.

*Воздивнува* Ај одморете очи со Јазмин Брунер, Мис Швајцарија. Доволно ги гледате тоа турците кај шо се клетат по телевизии, ве отруја, бетар од нив ве направија.



 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Dear K,

Работи го она што го сакаш. Знам дека звучи клише но мислам дека една од најважните работи во животот е да не заглавиш во job that slowly kills you, како што вели чичко Том Јорк. И не ти се потребни книги за самопомош, лектири од Џордан Питерсон со 12 правила за животот или инспирирачки новели од типот на Алхемичарот, за да го мрднеш газот и да ги промениш работите на подобро.

Пробај да си ги одговориш овие прашања:

- Каде се гледаш за 10 години?
- Дали тоа што го правиш сега ќе те однесе каде што сакаш да бидеш за 10 години?

Да? Одлично. Продолжи така.
Не? Промени нешто. Веднаш. Без одлагање.

Или ќе најдеш начин да живееш од тоа што го сакаш, или времето ќе те прегази и ќе те фрли покрај патот.

Пред многу години се најдов на крстопат. Да ги продадам соништата и да потонам во просекот, за некаква имагинарна сигурност, или да тргнам на пат со многу ризици во потрага по тоа што ме исполнува. Никогаш не погледнав назад. Денес сум уморен, но среќен. Денес сум точно таму каде што сакав да бидам пред десет години.

Сакам да ти кажам млад читателу, да не си го арчиш времето, и да не дозволиш да те лажат. Направи план и вложи 100% од себе во истиот. Биди тоа што сакаш да си, а не тоа што околината те притиска да бидеш.

Ете така.
 

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.383
Поени од реакции
3.393
Драга Кајгана,

јас мислам дека треба да се самоукинеме како држава. Некој скроз да не укине и да бидеме нечија покраина. Сите можни граници се поминати нема назад, нема подобро, не знам зашто уште сум у државава овде, само на диазепам треба да се живее.

Доктори не можеш да најдеш, не те зимаат за операции, луѓе се жалат, за на крај да треба да му платиш минимум 300 евра на докторот мито па уште ми кажуваат дека у лифт се давале пари пошто му било страв . Уште потрагично е што тие се врвни доктори и да пријавиш и да потераш ред законски па да го избркаат, казнат, суспендираат итн ќе драпа народот муда јер више ни лекари нема.

На крајот се се сведува дека само нас не ебат у државава и тоа кој стигне кај стигне.

Го глеам глобусов и викам ебем ти среќава овде да се родиш.

Не пијам диазепами ама затоа пијам вино.

Лека ноќ и на тебе напатена душо Кајгана.
 

парва

errorhead
Член од
12 јуни 2014
Мислења
3.822
Поени од реакции
21.468
Јебаја ве фенси доручак. Путер од кикирики,чија семе,киноа,јаткасти плодови...

Абе утепај некој мрсан бурек,тост сс помфрит,шункопеќуркасти омлет,јајца на око.

Ха, јајца на око, нели Ве асоцира на кур по чело?
:icon_mrgr:
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Че чипирам коли, сериозно имам братучед автомеханичар вика дали сум можел таа работа. Еј за 15 минути работа 100 евра :icon_lol:. Тоа софтверот оригинал 2000 евра кинезите за 10 евра ми испратија 80 гига софтвери и фајлови, арно ама не работат на виндовс 8 и 10, мора на 7 дури да се разбериме со ова кинезиве ми праќаат после во виртуелна машина, ами кажи дека не работи на виндовс 10 то се расправам од понеделникот.Че преинсталирам еден лаптоп на виндовс 7, кизне шо че биди че јадиме чотек така ми изгледа :icon_lol:.
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.419
Поени од реакции
30.015
Кога започнувам да читам МК медиуми, со што истовремено започнувам да го пратам напредокот на Македонија, инстантно започнува да ми се качува притисокот, што истовремено во одредени моменти и ми одговара, бидејќи природно имам низок крвен притисок.

Општо земено, гледам една квази унитарна држава, каде што се апсолутно уништени сите можни вредности на државата, па слободно може да се каже дека е на пониско ниво и од оние фрлените и заборавени африкански држави од третиот свет.

Уставот е во рацете на албанците, без демократија туку со бадентер. Ниту еден закон не може да помине без амин од величенствениот и вечен Ахмети.
Владата и институциите целосно продадени на тешка неписмена багра, генерално на албанските партии како и на оние Севернокосовски "Македонски" или Северо-Македонски партии, сеедно, односно на нивните поддржувачи. Буквално за што и да станува збор, без разлика дали е на локално или државно ниво е чиста одлука на албанскиот фактор во државата. Секако, истото се однесува и на економијата, образованието, безбедноста, културата, надворешната политика, итн.

Пред неколку години, се сеќавам владееше една доза на хумор кај одредени граѓани, кога ќе се споменеше федерализација на Македонија.
Сега албанските партии, заеднички обединети, сите еден до еден, рамо до рамо, активно но сигурно работат во остварувањето на нивниот дамнешен сон за голема Албанија.
Повеќе никој од нив јавно не го крие тоа, патем тоа е и нивно легитимно право. Секако на штета на Македонскиот народ.

А каде се Македонските партии, ниту трага, ниту глас. Закопани и заспани во длабоките глувчини дупки, тивко борејќи се за некој плус политички поен. Но истите кога ќе го слушнат зборот федерализација, одма започнуваат да р'жат како глутница од улични кучиња кои не касаат. Состојбата се влошува од ден за ден но тоа не е важно, нели?

Па општо земено, често се прашувам што е подобро. Револуција за одбрана на унитарноста на Македонија или федерализација со мирна разделба засекогаш со Албанците.
 
Член од
17 септември 2022
Мислења
1.061
Поени од реакции
2.512
Кајгано ма!

Нии у Босилово им'ме за фалене, ни ставии споменик, Атлас од Николчо Пијанмановио за културно да сме се издигнале.
Ја ви го и вии да се издигнате, кој не е де.

20221120_161731.jpg

Ај...
 

Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.820
Поени од реакции
6.409
кеј, че ви пишувам за Германија, пошто знам дека сакате да читате,

најладниот народ на светот, од овие се поладни само Швајцарците. Одам во бања, сега сам, ми требаше мир, и уморот и малаксаноста на финската сауна во мускулите без некој да ми смета. Една од поубавите бањи овде. За тие што сте Македонци во Баден Вуртемберг, регионот на Црната Шума изобилува со природни термални бањи. Дели кој? Баден Баден, самото име на градот ти кажува дека таму се оди за бањање. Фридрихзбад и Каракала. Имаат затворени базени со различни врсти на сол во нив. Ентериери со Римски столбој. Сауна dazu. Мешана публика, мажи и жени заедно. Има еден ден само за жени, и еден само за мажи, другите деној заедно.

Бањите се текстил фрај - ослободени од текстил, ова значи се капите голи, пошто се друго во топлата вода се рачуна за нехигиенско, ова е дел од културата во Германија уште од 18ти век ко биле основани, кој сака во бања, мора гол, другите на базен. Почнувам стандард сауна, 20 мин преку сила, па бања, па пак истото, со напоредно зголемување на времето. Во сауната на почтокот од секој нов час, идеше еден германец и истураше различни раствори од Алпски трефки врз камењата за да мириса убаво. Тогаш најмногу се собираше народ во сауната. После перформансот му дававме аплауз. Па сите директ во бања. Таму иди друг лик со кофа врела сол. Публиката беше ептен мешана, од постаро, до 20се годишници. И сега собрани огромна група во еден од базените со 38 степени температура, еден од чичковците ме гледа кај шо го посматрам тој со солта и ми вели, Sie können dieses Salz auch bekommen. (и ти имаш право на оваа сол, меѓу редови) враќам dann lass es uns holen (тогаш ајде да земиме), се преместуваме цела група во другата бања кај што тој тураше сол во дланките, моментот кога сватив дека е врела. Па ајде сите се тријат со неа, едни тријат други. Ко фамилија ми беа. Им го обожавам Бадскиот дијалект Кајги. Не е стандарден висок литературен Германски ко од Хамбург. Апла Дијалект е, и звучи претерано слатко, веќе врти накај швајцарски, со саати би ги слушал кај што ломотат Бадиш.
40 минути седиме во тоа водата топла со нив, ги слушам, приказни од секојдневието, не ми е досадно. Незнам зошто бадиш ми звучи толку зус - слатко, место их бин, иш бин, место, гукен зи бите, гугезе. Абе се тооопам. Можи дека јас учев литературен.

Хајлајт, видов силконски кхм, but don't tell anyone. Не можи природно да и беа толку напрчени бе? Грото фамилијарни луѓе беа, ми се допадна. Микстурата на толку различни ликови, од натур дами, до постари луѓе дојдени за рекреација, до млади 20 somthing бојс шо те меркаат палаво, бегај да не те видат жените! :ROFLMAO: го обра бостанот, хаха.

Се вратив дома исцрпен ко шо планирав и тоа. Чуси унд куси.
 
Последно уредено:

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.062
Поени од реакции
24.973
На семафорот на Рекорд, оној што е од страната на плоштадот, некој/а го обвиткал/а столбот на самиот семафор со плетиво во кое е вплетен и зборот Скопје. Колку и да е ултрахипстерски ваквиот гест, мене ми го направи денот. Требаат повеќе вакви луѓе во светот.
Да не го урочам ама 6 месеци подоцна сеуште стои и се надевам дека ќе стои и уште долго време. Може и треба да ставам тука повеќе такви скопски underground герила обележја на градот. Да не е само Кале, Камени Мост, Стара Чаршија итн...

Значи Скопје урбан герила обележје број 1: Плетивото со кој е обмотан семафорот на Рекорд, улица Македонија:

skopje.jpg
 

Kajgana Shop

На врв Bottom