Кеј,
Мерион Котијар ја запознав со Бетмен, ко му глумеше женска на Брус. Улога на Фем Фатал, меѓу другото - Комунистка. Порасната во затвор познат како Дупката, од кој успеава да избега, со цел да се пресели во Готам. Таму станува бизнисуоман, со посебен интерес за енергија од обновливи извори, но во истовреме сеуште лојална на друштвото на Бејн, и на неговиот план да го уништат градот. Можев да заприметам дека Мерион доста внимателно си ја избрала улогата тогаш, инаку не би глумела во сеперхеројска франшиза. Ако филмот за Мрачниот Витез излегол 2012та, актерите ги добиле улогите веројатно уште во 2009та. Фактот дека неа тогаш, ја интересирале теми, што масите ги ломотат денес, укажува на тоа дека жената е минимум една деценија пред нас. Се прашувам за што размислува денес.
Крег Фергусон бил Париз пред некое време, па ја видел со сопругот како се борат со децата кои биле крајно немирни, па незнаел ни дали да ги поздрави. Веројатно денес е веј овер ит, со теми ко погоре наведените. Или не.
Периодов сум диво хаотично велезен во Франк френзи, ал овр агејн. Алзо, ју'л екскјуз ми.
Ова им е снимано во Прованс. Единствен минус е тоа што пее на англиски.
Само за луѓе што го ценат материјалното. Другите, мрш.
Во видеото невидлив лик и го ремети (или разубавува?), навидум мирното саботно утро.
Плус бонус од тоа како си поминале позади камерата.