Драга Кајгана,
Денес ми е 4ти, најверојатно, ден во изолација на бродов. Се надевав ќе добијам кабина со прозорче, ама ноп. Како и да е, да пишам еден рекапитулар на мојот прв месец на брод и кусур.
Дали ми фалеше бродскиот живот, да. Дали се радувам што пловиме во ладни краишта, НЕ. Се разболев, и на ковид тест испаднав позитивен, и докторот ми пиша некои сомнителни апчиња (лајт верзија, ко за филипинци наместо стандардните апчиња за американци). Но што е тука е, моето последно излегување од брод беше во Амстердам каде што имав 2 сати слободно време и отидов до аптека да си купам витамини, 27 евра, ама бродот се докира баш во центарот на градот, така што немав многу избор да барам поефтино.
На телевизорите тука имаме неколку ТВ канали од надвор.
BBC - кралицата, 24/7, зборете ми како во комунизмот креирале култ кон водечката личност.
Sport24 кои меѓу другото ја пренесуваат англиската премиер лига, сите мечеви почнуваат со минута молк поради кралицата, во 70та минута има тајм аут за повторно да се одаде почит кон претходно наведената.
MSNBC - Трамп и републиканците се криви за сите лоши работи кои се сллучуваат во светот, освен кога пренесуваат американски фудбал, синоќа начекав добар натпревар од колеџ лигата, играа Howard и заборавив како се викаше другиот колеџ, на Хауард дипломирале Камала Харис, Чедвик Босман... Ако вечер не ми се спие ќе гледам NFL
CNBC - немам гледано доволно за да пишам што има тука
Fox News - Бајден и демократите се криви за се лошо што се случува во светот. Не пренесуваат американски фудбал
На бродов ја изгледав The Outpost, фина серија со Џесика Грин, нешто како Гејм оф Тронс ама не толку комплицирано. Додека сум во изолација ги изгледав 355, не е толку лош ко што го збореа. Кинг Ричард, интересна спортска драма, Вил Смит е одличен глумец, јас останувам Тим Смит без оглед на тоа што медиумите зборат за него. Exit to Eden, малку постара драма, guilty pleasure movie, лош беше на времето, уште е лош, ама убаво ти е кога го гледаш
Knives Out, Даниел Крег го глуми Херкул Поаро/Шерлок Холмс/како и да се викаше у филмов
и Ана Де Армас е куќната помошничка плус еден куп добри глумци за еден добар филм
Од работи надвор од бродов сестра ми го сликала синот во кутија за патики, дали ќе стане sneakerhead како вујко му, ќе дознаеме после рекламите.
Мојата последна девојка во Македонија синоќа се омажи за еден фин дечко од нејзиното село. За првиот свадбен танц одбрале песна од Ед Ширан
п.с. Во гостинскиот ресторан каде што можеме да јадеме, еднаш неделно има суши, бесплатно, за разлика од ројал карибиан каде што го плаќавме
среќата е во малите нешта, нели