Исланѓанец на Балкану...
Во целина, храната и народот му се допаднаа, мада се гледавме строго со најблиски. Единствена примедба беше што не се храниме здраво, премногу процесирано месо, зејтин и леб, па на крај доби и стомачни тегоби и не беше навикнат на таква интензивна дружба, па морав да го оставам сам во соба да си дојде на себе.
Хоророт почна откако дојдовме во Бугарија.
Имено, се разболевме сите тројца уште во Македонија, јас и малиот добивме антибиотици, а мојов сакал да оди на лекар во Бугарија, затоа што била европска држава и бил осигуран таму. Освен тоа, беше исплашен од приказните што му ги кажував за македонското здравство.
Доаѓаме во болница(во Бугарија), во брза помош, НЕМА ЛЕКАР. Како бе нема лекар?!? Не можеше да поверува. Па ајде некако со врски и милион повици се најде нечиј матичен лекар да го прегледа. И ајде крв да му земат, ама не тука, во друга болница. Ајде трчај натаму... За изгледот на болниците нема да коментирам.
Каде е лабораторијата? Ме упатија по скалите надоле. Тргнавме, се симнавме буквално во подрум. Човеков почнува да ми паничи, вика како да се наоѓа во некоја хорор игрица во Чернобил. Пишува да заѕвониме по потреба, излегува еден лик облечен чудно, внатре си дремат и си гледаат френдс. Ликов изненаден што нѐ гледа, рече ај седнете тука во ходникот, ќе дојдам. Од шок почнав да се заебавам, реков тоа е чистачот, тој ќе ти провери крв.
Му земаа крв буквално во ходникот, во подрум, со ликот што беше облечен како чистач. Хигиена никаква, ниту дезинфекција со алкохол, какви нараквици, какве пичкематерине!
Цените, нормално, си ги извадија од газ, нит ценовник, ни бутур!
Човеков мој, благо шокиран, едвај чека да си замине дома.
И да, обожава ајвар, мрази бугарска лутеница, ја нарече очаен обид заајвар.