Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
20 јули 2014
Мислења
3.273
Поени од реакции
8.663
Приметувам бијонс ја нема неколку недели, и иако форумов е посебно утепан последниве години, нејзиното отсуство е вистина освежување.

Имало и порано досади како Сунѓерот Боб, ама некако кратки му беа коментарите, па беше лесен за одминување. Бијонс е посебна категорија напорна сподоба...
 
Ф

Флеш

Гостин
Возење у двојка у 13 ч,пикот на Сонце, до Соборна,33 степени,се потиш,корнеш од пот,водопад од глава ти шприца,немаш со шо да се бришеш,освен најблиска работа,раката.Гужва у автобусот,стоиш .... Кошмар ..... Најлошо време . Срам и трема те фаќа оти ми е незгодно пред луѓе,се потам . Автобусине,ко демек нови,ни клима,ни ништо.Оние бабине седнале до прозори,блокирале прозори да се отворат,оти им дувало у глава,промајата.Немаш што барем да ти олесни. Уште и оние забулените, облечени у бунда,деца им врескаат,лупаат ,пуштаат шиполино песни за племенските глорифицирани заедници од Грчец ....


Јебем ти денот .....


Затоа,
одам да "работам" .....
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.419
Поени од реакции
30.015
Знаете дека на ниво на град Скопје работат вкупно ДУРИ ТРОЈЦА џандари што маваат печат во сообраќајна за регистрација на возило????
Дааа. И јас не знаев се до пред некоја недела кога дојде време да си ја регистрирам колата. Ееееј, врски да бркаш за да ти лупнат печат во сообраќајна.
Ајде тогаш така бидна, но вчера колата на мајка ми бев да ја регистрирам. Демек привремено немало тогаш џандари кога ја регистрирав мојата но НЕ!

Ја носам на мајка ми колата во ПСС вчера на технички во 9, за 10 минути поминува технички, ми ги даваат папирите и ми викаат дојди после 12 би требало да дојде џандар тука, ако не дојде иди во Пинтија или во АМСМ во центар за печат, на друго место по станициве за технички нема џандар во градов.
Другарчево од МВР што ми збрка "врски" за печат кога ја регистрирав мојата кола, сега на одмор е во Турција, недостапен ми беше.
Колата на мајка ми сеуште е на мое име, лично морам да се појавам.

Отидов пак во 12 во ПСС, ќути дошол џандар на шалтер. Колона страшна! Врие народ.
ПСС во Аеродром, ако сте биле, колоната почнуваше од средина на уздолницата за влез во технички, па се до внатре цела змија од народ и така се до фамозниот шалтер на МВР. Чекање добри 3ипол саати на нозе како вол. На крај конечно стасав на ред, на џандарката и ги давам папирите од технички, лична карта, сообраќајна и БАМ го мавна печатот. УСПЕХ! Страшна работа, фамозниот печат и потпис конечно се залепија на хартијата.

Севернава дупка напредува во секое поле, ден за ден сме чекор се "понапред" кон ЕУ. :lolzz::lolzz::lolzz::lolzz:
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.051
Поени од реакции
24.873
Си седиш пијан 3 сабајле, лево од тебе специјализиран психијатар, десно од тебе специјализиран невролог. И нормално дека ќе ти светне да отвориш тема за природата на свеста како засебен феномен или епифеномен на мозокот како и парадоксот на визуелните халуцинации кај NDE пациенти при клиничка и мозочна смрт пошто ти текнува дека и двајцата се специјалисти мозочари еднава од аспект на биолошка функција, а другиот како психолошка. Совршена комбинација за таа тема. Сигурно нема да ги оставиш луѓето да уживаат во своето пијанство во петок навечер и да се олабават што е впрочем и целта на пијанството во петок навечер. Требаше со стап да ме тепаат најзаслужено :facepalm:.

Ама па од друга страна, се погодија и да се љубители на забегана музика па и се изнамуабетивме за Френк Запа, Кептен Бифхарт, а на мое огромно изненадување и за Резидентс. И ми текна дека беа во Скопје 2008-ма, а не бев, мислам дека тогаш не ги ни знаев. Богами да ја резервираш цела МОБ и сите трошоци поврзани со тоа е огромна коцка, не може да не му се признае на Логин за тој потег.

А пази екипава, имаше сталинољубец, па радикален србоман, како и еден гостиварчанец ајташ со скинат лигамент и уште по некој. И еден најрандом лик кој се појави од нигде-никаде и кој никој не го знаеше и рече-Дечки може да ве слушам? И си зема столче и си поседе така некое време. Како контратежа на првоспоментатиот погоре во истиот локал пред неколку недели случаен соговорник ми беше хитлерољубец кој ми раскажуваше како се начекале Македонци на одмор во Асправалта ли или Неа Врасна или може и нешто сосем трето да беше, се поднапиле па почнале да пеат македонски песни, некоја екипа од Златна Зора била во близина и им отишла во локалот. И таман да земат да ги млатат типов им засукал ракави им разголил гради и кога му ги виделе свастиките и све остало само му рекле-Brother?, на што овој им рекол-Yes, brother, по што ги оставиле на мира :ROFLMAO:. А во меѓувреме на овие два настани имаше на Винофест и еден Суданец што мислев дека ме заебава дека е Суданец па го терав да ми ја рецитира шахадата и целосните поздрави со рахмани рахим, со баракату со пичкесимајчине па откога го положи тој тест да се замуабетиме за Картум и за Башир кој наводно му бил комшија и се знаеле лично. На какви луѓе налетувам и какви муабети и сцени излегуваат од тоа е Буњуел и Линч прават филм заедно и ги смислуваат дијалозите накркани на мескалин, датура и салвија дивинорум.

И кога сме веќе тука, Трендо еднаш пиша дека му е омилено гитарско соло. А и можам да сфатам зошто, стварно е прекрасно и солото и целата песна.


Ако не ви е јасно се, не се секирајте ни мене не ми е. Ќе си помисли човек дека сонува, дека е проектиран во паралелен мултиверзум како Метју Меконахи позади библиотеката со книги во неговата куќа или дека може браќата/сестрите/трансфлуиднородовите Валковски се сепак во право и некој архитект во позадина ти симулира холограмски хипотетички ситуации за да сфати што ќе се случи и како ќе реагираш. Нешто како да си експериментален лабораториски стаорец.
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.566
Поени од реакции
5.610
Желките ми се најзакон суштества на планетава.
Нигде не брзаат, се ебат кај стигнат и кур не им чуе дали некој ги гледа и згора на се живеат по 100 години.

Simple life goals
 
Член од
6 септември 2015
Мислења
61
Поени од реакции
85
Го читам Сусаро и по кој знае кој пат си помислувам:блазе си им на машките.
Си идеш у кафиќ или у биртија , седнуваш и иде драма или комедија,нормално не секогаш.Луѓе за муабет за ова или она итд да не тупам.
А јас женско , обично немам со кого муабети за пред гранап или за у биртија со кого да правам,а тупи ми се за политика и се во врска со тоа...И ако излегувам таа вечер,јас сум типично женско,цел ден мислам што ке облечам и без шминка реткооо...
Ви завидувам за таа слобода,многу ви завидувам.Колку сакам да можам да се рчнам па да падне тепачка,да ми пројде нервоза од сите проблрми да се напијам у кафана па да почнам да го тупам со зоте нишани еххх.Уживајте дечки....
 
Член од
2 август 2011
Мислења
383
Поени од реакции
653
Драга К,
Во последно време, деновите не можам да ги поминам доколку барем еднаш не ја слушнам песната, без разлика колку обврски имам во текот на денот. Деновиве се изнаслушав и други песни од новиот албум на Хери Стајлс и можам да кажам дека е вистинска ѕвезда. Пред неколку години не ми изгледаше дека е на сериозен пат, но сега особено со овој албум станува сериозен играч во поп музиката.
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.862
Поени од реакции
8.422
Кога се играше супер купот на уефа во Скопје. Можеше Македонија да организира и да почне навреме. Овие французиве не се способни еден натпревар да организираат, ама па затоа ни тријат песок од глава дека не сме биле за Европа. Да ви се мочам на македонските ќурки од политичари кои не представуваат!
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.904
Поени од реакции
25.248
Јас, од човек кој живееше во соба налик на отпад, прераснав во човек кој поседува три различни правосмукалки(секоја со своја намена), оргазмира додека чисти и после 12 часа напорна работа - се релаксира со чистење. Ни моите креатори не ме препознаваат!
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.901
Поени од реакции
23.310
Pree gledav na diskavery ili tamu nekoj slicni na niv za nekoj delikates od Iceland. Tamu prerabotka, pripremi i neznam sto. Vo osnova rasipano ribesko ili fermentirana ajkula koja navodno ima vkus na kako sto rekov rasipano ribesko na koe vo megjuvreme mu se pomocal tvor. Osven niv, mestanite koi go smetaat za woow, na site drugi im ima vkus na toa sto im ima. Jas licno izgoren od mlekoto duvam i na mastejncata sega( nekoj ikri od konzerva jadev vo toa germanite, navodno mnogu ubavi, vkusni, namackani na leb so margarin i namesto djem, ikri. Sestojad sum, ne prebiram mnogu no toa sranje mozam da recam deka bese edno od pogadnite raboti koi gi imam jadeno taka da sledniot pat ni jas, ni dete moe. Bukvalno imase vkus na iznutrici od ribi, onie ko ke ja cistis ribata, sto gi frlas, sto smrdat na ribojna, ama ne onaa prijatna mirizba na przena riba, tuku na zaboraveni ribi vo najlon na sonce, onaka fermentirni, rasipani sto ni mackite ne im se priblizuvaat. Na kontejner na ribarnica vo leto, ete toa e najbliski sto eden zatucan balkanec moze da pretpostavi kakov vkus imaa ikrite od toa konzervata). Nejse me interesirase @Agda Beata kako naturalizirana nordijka dali go ima probano toj islandski specijalitet i koi vpecatoci mu ima ostaveno. Ne za drugo, da go vpisam vo jadenja koi treba glupite balkanci da gi izbegnuvaat vo sirok krug.
 

Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.818
Поени од реакции
6.405
Петиција да се клај Монализа на знамето од Европа (well, барем на знамето на западниот дел од Европа). Во 2005та најважното дело на Италијанската Ренесанса (сега во Франција),( и на монети во Германија), беше ставено на софтвер за препознавање на емоции. Според студијата, Лиза од Џаконда е 83% среќна, 9% згрозена, 6% уплашена и 3% гневна. Вредна е 660 милиони евра. Иако за тие како мене (што се одбираме од пари и вредност), за истата нема нули, ни единци, кои можат да и ја покажат вредноста - приближно еднакво бесконечно бесценето. Леонардо, полимат.
Во САД патувала само еднаш (ко мене) во 60ти, поради енормно инсистирање од страна на Жаклина Кенеди (француско потекло).
Неприфатлива и чиста ко вистината.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom