Од дете работам, но сега прв пат у животов ми каснеше плата.
Јас разбирам дека газдата има инвестирано, јас разбирам дека газдата го сноси ризикот, ја разбирам дека газдата има далеку посериозни обврски од нас работниците, јас разбирам дека газдата (ваљда) има пројдено голем број непроспиени ноќи поради НЕГОВИОТ бизнис, но за мене НЕ ПОСТОИ ИЗГОВОР за неисплаќање на плата на работници - поготово кога постои можност за истото, но и да не постои можност за истото. Сепак, се работи за РАБОТНИЦИ, а не за ВОЛОНТЕРИ.
Не може газдата да очекува од работникот да ги исполнува неговите обврски - ако он не ги исполнува неговите обврски спрема работниците.
Она што го приметив е дека ако покажеш толеранција и разбирање, за возврат ќе добиеш одовлекување на исплаќањето на плата и играње мајтап со тебе, а чим му се ,,заканиш" со давање отказ поради што би сносел финансиска штета, тогаш у истиот ден или пак утредента се добива плата. Интересно.
Мило ми е што мојата генерација, како и тие нешто помлади и постари за разлика од некои други генерации не се плашат да му покажат заби на работодавецот, одбиваат да работаат доколку не се навремено платени (нешто што у секоја друга држава е нормалност) и тражат без срам покачување на плати и придонеси.
Во капиталистичко време мораш да се цениш самиот себеси како работник.