Кајг,
многу ме нервираат навечер кога ќе прелетаат чавки или гаврани, кои такви кра крачки се, па знаат да се паркираат на околните дрва, да не може човек да отвори прозор, а уште помалку да се паркира со четири тркала под тие дрва, сабајле сигурно црно бели акварел ќе го изненади на шофершајбната.
...никој не се грижи за тие јата кои до вчера не беа покрај градските стамбени објекти, барем јас не ги приметив!
чаре ? снабдив многу јака батерија комбинација со ласер и само ја насочувам кон дрвјата шарајќи лево десно и наеднаш црн облак од птици ќе прелетат и ќе побегнат, тие мене крааа крааа пред прозор,
...туку што ми беше пишуванката, а да, внимавам батеријата со светликав сноп да не ја насочам нагоре кон небото све ми се чини дека ќе зезнам некој авион, а и комшиите мислат дека навечер бил некој зрак од некоја далечна дискотека која не се слуша.
...аааа чекај Кајг, уште не завршив со пишувањето, најинтересното е што имав блиска средба со AI (вештачка интелегенција) токму со ласерот на батеријата,
... и така дишејќи получист воздух на тераса ги чекав краа краа летечките досади да ги запостават околните дрвја, арно ама ги немаше, па си играв онака кон небото тук там се наѕираше по некоја звезда, па имитирав звезда, арно ама гледам во далечина светлина хоризонтална си викам летај летај авионче, па се спушти нагло светејќи и со црвени светла, аујуу си реков ова сигурно ќе се руши, брзо мобилниот по темница да снимам, жими темница ништо не се гледа, ама си реков ако падне ќе ја фатам експлозијата од ударот
...фантазирај, си викам кој знае што е тоа, пребрзо да биде авион и пребрзо да ја изгуби така висина и наеднаш исчезна.
...нема птици, нема авиони, нема ништо интересно, па пред да влезам дома, го насочив нагоре ласерот од батеријата демек се потпишав на небо хартија,
...кога наеднаш светлината која си беше изгубена, а мислев дека е авион во пад, се појави и со огромна брзина дојде во висина над моја глава таман каде се ,,потпишував" на небото, леле ле брзо го затворив ласерот, а горе светликавото леташе лево десно како да бараше нешто,
хм...си реков ова не не случува секој ден, феномен ли е, нешто неидентификувано е, дрон ли е моооооооорам да проверам, е ајјј па уште ќе снимам за да имам доказ, филмови си правам и го уклучив ласерот кон светлото над , тоа почна да дава исто црвен сигнал како мојот ласер и нагло се спушти над моја глава, ауууууу удрив една фотка и веднаш влегов дома, прпа, си барам проблеми при мирно седење, што ако е НЛО некое, ќе се расправам со вонземаљци доста на работа ги имам од вработени
... штета што немав храброст до крај да останам, но газот пак ме зачеша, па се вратив пак назад на тераса со уклучен ласер ама ништо, светлината исчезна., на видеото и фотките се гледа округла сфера идеално осветлена со црвена боја, се јавив да прашам ми рекоа можеби некој сателит на шала, ајјј ајјј АИ и НЛО си беше, ќе го начекам поспремна друг пат сигурно ќе ме посети повторно!