Отворив Јутуб со цел да пуштам некоја песна. Да свири во позадина додека јадам. Инаку, секогаш кога сакам да пуштам песна блокирам и не можам да измислам што всушност сакам. Така и сега во момент на блокада ми текна, пушти Цеца. Често ми идат вакви некои забегани артисти или песни од никаде и ги пуштам да ги ислушам. Така пример вчера слушав ,,Разбио си чашу" од Шемса. Инаку не сум тип на човек што слуша таква музика но поштувам вакви евергрини. Добро, да не се отклонувам. Пуштив Цеца - Тражио си све. Ме удри една силна носталгија за детството. Се сеќавам кога немавме интернет дома, со флешки префрлавме игри, песни од пријатели. Така еден ден кога требаше да идам да преснимувам песни и игри од едни пријатели ја прашав мајка ми, пошто тогаш бев неук за музика, какви песни да снимам? Цеца и Брена! А за игри одлучив јас, секако
.
Така, на флешката ги имав GTA Vice City, Цеца, Брена и 5-6 смешни видеа од тие ги знаете сигурно - кола си оди по рид и додека ја пратиш ти излегува jumpscare. Одам дома, префрлам се на компјутер и се почнува. Вајс сити и во позадина Цеца со песните Београд, горе споменанатата, Ја још спавам у твојој мајици итн.. Додека возев по немирните улици на Вајс Сити си слушав Цеца. И сега кога некој ке ме праша е добро од кај ги знаеш овие песни а не си љубител на таква музика? Не знаат они јас дека на тие песни возев тури со камион, возев такси и тепав курви. Подоцна собрав и други - Кисми, Огнени Момчиња, Парни Ваљак, Рибља Чорба..
Времиња..