Сакам кога непланирано се случуваат убави работи.
Некни вечерта ми ѕвони професорот по филозофија од гимназија (со кој до денес одржуваме ок контакти и разменуваме по некоја мисла за книги, филмови, музика, филозофија во едно негово мало станче во кое освен 2 електрични гитари, еден видео проектор низ кој секогаш оди некој црно бел филм од оние на Бела Тар, Бергман и компанија, и едно мало лап топче за музика и нормално по нешто за пиење, нема ништо друго).
Ми вика ај помини до стан, седиме со еден интересен лик, нешто околу правниов систем го интерсира да продискутраме.
Ај реков, ќе појдам - таман секогаш муабетов ми оди.
И влегувам така лабаво в стан, гледам покрај еден другар и професоров, седнал на маса пејачот од Мизар, Горан Таневски, бендот со чија музика растевме, покрај онаа на Архангел и Анастасија.
Ги отепавме 5 часа во муабет, кои ми поминаа претерано брзо. Дознав за некои филмови кои не ми се гледани, продискутиравме за Самракот на идолите од Ниче и Ecce Homo, за нашиов тиња систем, па за Хајдегер и жена му Hannah Arendt (за која ми препорачаа да прочитам нешто пишувано од жена, оти спомнав дека со женски автори слабо стојам), па слушнав непосредно и за некои интересни искуства од турнеите на Мизар....
Исклучително интересен и мудар лик. Крајно одмерен и приземен од кој има што да се научи.
Ги сакам ваквите дружби затоа што се ретки и ти прават за момент да заборавиш на сите гомнарии со кои се соочуваш секојдневно било да е тоа работа, било да е поскапување на струјата и општо се останато.
Како да влегуваш во паралелен универзум.
А во паралелен универзум не се влегува со секого.