Ди Кеј дарлинг,
Какви се тие портокали што Кам ги носат, да ги е*ат портокалите. Од 4 портокали, 2 беа скапани oдвнатре, а надвор читави, а од другите 2 не можев пола чаша од 180 мл да наполнам. Суво барут, јебале ги и портокалите и Грциве од кои ги увезле. Од еден лимон што истискав повеќе течност излезе.
Друго, зоштo Скајп уште постои, стварно не ми е јасно, ама од работа мора да го користиме и да ти е*ам мочаната програма што пораките од пред 3-4 дена пратени на мобилен тек сега ги испраќа. Па препорачано писмо да праќав побрзо ќе стигнеше.
И трето, големо чудо ако Домот на култура во К.Вода бил именуван Билјана Беличанец. Која култура ја има во тој дом, па и во останатите домови на култура во кои годишно нема никаква проекција на филм или театарска претстава. Важно името било сменето, а тоа што вчера на поминување во домот на култура видов некои што пикадо си играа нема врска.