Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
7 февруари 2021
Мислења
295
Поени од реакции
859
Си го носам покерфејсот ко играорец народна носија. Не сум горд ама некој мора да ја носи. Се тешам дека е дарба а не маана. Социопат, егоист, нарцист... Во случајов жеден за внимание (најверојатно)? Инаку зошто би пишувал на најмасовниот форум во Македонија во 05:30 :vozbud:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.714
Поени од реакции
37.693
Кајг,
веќе неколку дена и давам предност на левата рака за многу обврски што ја правеше само десната рака, па приметив дека доста е побавна но попретпазлива и ги прави работите потемелно од брзата збесната десна рака, па и во сексот се труди да ја замени десната, мозокот уште е збунет не приметува ќе видам како ќе ми реагира на мултитаскинг задачи :X3:
 

Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.865
Поени од реакции
6.477
Кајг,


денешната мудрост за тимот е дека само парите се важни. Луѓето идат и си одат, би било хопкризија ова да го споделувам од ангелско - жртвена перспектива. И јас сум дел од луѓето и јас доаѓам па си одам од многу други животи, притоа разочарувам.

Но парите - Парите се секогаш тука. Тие нема да те разочараат. Тие нема да те збунат и нема да те изиграат.

Шо велеше Кокаро (во оваа прилика поздрав до еден од најкултните професори на Економски Факултет - Прилеп):
- сакате пари?
*Комунистички молк во амфитетарската толпа*
- сакате ПАРИ? НЕ! Шо чутите море? Кој кур ве терал на Економски ако нејчите? ЈАС САКАМ ПААААРИ.

Шетам со еден Кумпел низ населбава каде што живееме пред неколку дена и гледам темно сино џипиште од Масерати. Однапред ко ѕвер во светлата. Еден батка се качи во него и му ја кидна. Скала ти треба за да се качиш во него.


И ми текнува на мене. Изминативе неколку недели и моето скршено срце. Разочаран од жена, оставен од другари кои требало да бидат тука. Си велам, парите не ми се битни. Се отепувам со ниско АјКју и Депресија.

5 дена подоцна - јасно се сеќавам кој нема да си замини кога ќе наполнам 80ет. Парите. Можеби ќе бидам во Болница опериран од Бог знае што. Ама ќе бидам во еднокреветна соба, приватно осигуран со Шеф Арцт. И тогаш ќе ми текни - парите не ме оставија. Ниеднаш не ме разочараја. Со мене се кога ми е најтешко и прават да ми е вистински подобро.

Во чест на мојава будност - ќе го испечатам Маркизот Д'Афлито (од Аватарот) на постер и ќе го закачам в'соба. Ќе ја препрочитам биографијата на Марија Горска и нејзините средби со него на езерото Комо во Алпска Италија. Иронично во Мај една колешка со Аудито ќе ме носи токму на Комо (велат дека и едрење на Гарда правело Spaß). Добар дел од мојава трезвеност се должи на дво часовен телефонски разговор со неа. Дрско зборна со мене, ми го залепи шамарот на вистината. Образот уште ми е црвен и ме печи - сум бескрајно благодарен.
Жените идат и си одат. Парите остануваат. Фокусирај се на она што нема да те разочара. Типична Италијанка. Бог ја прати во мојов живот. Да ми беше Генерација ќе ја оженев.
 
Последно уредено:
Член од
7 јули 2013
Мислења
1.845
Поени од реакции
12.101
Би сакал да знам кој е маркетиншкиот мастермајнд кој стои позади една реклама за обложување. Кој е тој Дон Дрејперот помеѓу нас кој смислил реклама каде главниот протагонист е на веце шоља и Горан Пандев херојски упаѓа со тоалетна хартија. Низ каква мисловна филтрација има поминато тоа во неговите мозочни виуги и какви му биле другите идеи чим оваа му се видела како најдобра за реклама во етер.

И зошто побогу Горан Пандев се согласил да биде во ваква реклама, нема доволно пари па му дошло до тие 1000, 5000, 10 000 евра или колку и да е платен за учество во реклама каде тој има улога на подавач на тоалетна хартија?
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
I don't know who needs to hear this, ама :

"You don't have to care about yourself to start learning how to care for yourself". KC Davis

Добро е да се има во предвид кога имам цел стан за собирање, садови, алишта и што се` не, а малиов почна и на сред ноќ по 2 саати да седи буден. Пробувам да се бодрам со тоа дека додека студирав спиев само по 5 саати ноќе, со месеци... али, годините си го прават своето. На овие години со тој ритам сум ко на Walking dead. :sleep:
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.520
Поени од реакции
18.369
На стори кршоина од 147 Алфа, и music Dance with the devil, мислиш срањено италијанско наречено кола е некаков ѓавол. Да, ѓавол за џебот, ама 147 бро? Дај иди лечи се. Абе ве мислев сериозни дечки, вие во пелени уште мочкате.

Спасив жива глава пред некој ден. Мислев дека сум пораснал и созреал ама уште глупости ми се дешаваат. Среќа цела на некого сум му мил и сакан, па многу среќа ме прати / ми праќа.

Иде пролет, време за промени, и корисни одлуки за себе, и така со години. Живи здрави само. Све тече според план досега.
 

SkimSkam

Full Stack Говнар
Член од
26 август 2021
Мислења
2.119
Поени од реакции
5.671
Се буниме за висока сметка за струја…на времето на 14.400 или ISDN на Телеком се прикачуваш и чекаш пола ден да се симне BBC Radio 1 essential selection куца таму маџарот не прекинува. Ти објаснувај се дома зашто 8.000 сметка. Си изнајмил игрица од Вучко или Инфо Проект си ја забораил со недели ти се јавуваат дека дужиш 5.000 динара. Сега за 400 денара поскапено паѓаме у несвест. Се сменија времињата.
 

Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.865
Поени од реакции
6.477
Добро утро Кајги,

денес сум со план да не дозволам било кој да ми смета, езотерично кажано не ми се меша Аура со туѓи.
До мене кафе, на репертоар се филмови со Деми Мур; или Непристоен Предлог 1993та или Flawless 2007ма со Мајкл Кејн и целиот банкарско - капиталистички вајб шо го носи со него.

На врата во Вонхајмов немам знак не сметај! ама ќе клам слушалки и цел ден ќе се прам дека не сум дома. Dunno, во случај некој да ме труја на Whatsapp за саботно излегување смислете ми добар изговор пошто мене не ми се троши ни атом ни квантум енергија на таков мисловен процес.
 

SkimSkam

Full Stack Говнар
Член од
26 август 2021
Мислења
2.119
Поени од реакции
5.671
Какви дебили се овие од Самсунг Македонија еј! Конечно го рекламираат на стори Freestyle проекторот идеш на линк купи веднаш…за жал овој производ не е достапен кај нашите партнери во малопродажба. Па кај да го купам бе!? Што го рекламираш!
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.714
Поени од реакции
37.693
ice_screenshot_20220219-175332.jpeg

Кајг,
пишуваат ..„ 5G е тука! Сега и вие можете да ги искусите придобивките од супериорната 5G технологија на најдобрата мрежа, потврдено од корисниците...“

News-Brief_2020-12-28T012429.252Z.gif

... не знам кои придобивки би искусиле како корисници и зошто воопшто би ни требало нас лично ваква технологија, ама сигурно нема веќе да имаме ниту мирен сон ниту нормално однесување, се сомневам на некое несоодветно невидливо зрачење околу и низ нас со што можеби и нашиот имунолошки систем би бил компромитиран, немоќни да превземеме нешто однапред, останува да видиме како ќе реагира телото во овие градови каде веќе е поставена и функционира 5Г мрежата, just saying!
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom