Зошто толку омраза и бес кај луѓето? Порано мислев дека тоа е резултат како последица на агресивни родители/сопружници дома или нефер однос со нив на училиште/факултет/работа, ама се повеќе сфаќам дека на луѓето не им треба некоја посебна постапка да носат и шират толку омраза, туку целиот начин и место на живот си носи омраза, која само се пренесува генерациски, нема кој да ја спречи и пренасочи енергијата, никој нема додатна енергија да ја пренасочи негативната енергија. Па така луѓето кога ќе речат “си го мразам животот“, сфаќам дека тоа не е само флосула, они навистина си го мразат животот и се во него, и себе самите и сите околу нив “блиски“ луѓе. Кога ќе речат “ќе се убијам“, тие навистина би се убиле од што се изедени и мртви внатре самите од толку омраза со години што носат во себе, само немаат доволно храброст за тоа, “муда“ што би се рекло со уличен жаргон. Почни од најмали секојдневни примери, читам коментари од луѓе на објава дека имало симболичен протест на местотото каде што била згазена Викторија и јас просто се угушив од срам што читам, веќе ниеден коментар не беше идеја како да нема такви жртви, апел како да се вози, сочуство или правно гледиште што да се бара и делува, 90% од коментарите беа од типот “скопјани вие сте пички, нигде ве нема да излезете, од Радовиш ви доаѓаат луѓе, вас кур ве боли за провинцијалци, ги газите“... И стотина, стотина лајкови. Ширење толку многу негатива, а тотално одалечување од објавата и од самиот немил настан, што не смее никако да е засенет. И ајде да одиме чекор наназад, истите тие луѓе претходно во животот налетале на некое скопско лингурче што ги деградирало само затоа што не се од Скопје, ги навредувало и им создало одбивност за Скопје. Подоцна луѓето ја користат секоја прилика да шират омраза против сите скопјани, бидејќи сликата за градот и жителите била истата слика што ја оставило тоа лингурче. И тоа циркулира, нема крај, никој не крева рачна, само се врти кругот, дури и кога се прави штета на сите, секој момент ќе се користи веќе да се искаже гневот и бесот кон се. Не е само тоа, Надал освоил Гренд Слем, нашава нација полна со бес и навреди, до степен смрт да му посакаат. Никој не гледа дека човекот цел живот му посветил на тенисот, што е 35 години и цела кариера го мачат повреди после кои собирал сили пак да се врати и да игра, што има голема љубов кон тенисот која го враќа пак назад да игра секој турнир, иста како и сите љубители на тенисот што гледаат независно чии фанови биле. Нема никаква честитка, тој е виновен, бидејќи не играл Ноле, ајде да го навредуваме.
И не, не дигајте раце со изговорот “менталитет не можеме да смениме“, така е најлесно, да не мрдаме од комфор зона сите, земете дејствувајте. Одете кај другар на гости, пофалете го другарот пред мајка му, кажете на мајка му дека направила одлична работа во животот со тоа што воспитала толку паметно и чесно дете. Кажете му на другарот дека има прекрасни родители, дека теба да ги чува. Зошто само лошите работи се тие што ќе ги кажеме без да размислиме, а добриот комплимент и оставен впечаток ќе го премолчиме. Зошто да не разубавиме нечив ден? Па само со љубов можете да ја спречите омразата, ширете љубов, сакајте се, зарем толку е полесно да се пишуваат/лајкнуваат коментари како тие погоре, наместо да ширите љубов и позитивна енергија.