Убавино,
ми се гади од идејата дека има 2 до 3 лика во Македонија кои уште го вадат и го маваат на Путин, баш ви го Пут-ин. Ви го кладе бе, по прилепски ебаго.
Нашата земја на крајот од 80ти беше расчеречена помеѓу два одвратни огна, ни свршија на образ и Русите и Американците. Треба ли да ве потсетам како одеше тој сексуално воен перверзен чин и срушениот мост во Мостар? Прозападни Хрвати, проруски Срби. Измеџу илијадници убиени Босанци.
Ајде алтернативно сценаријо - Југославија во 90ти целосно се интегрира во ЕУ и продолжува да го турка својот очигледен потенцијал. Каде ќе бевме сега? Забранети ќе ни беа ли Норвешки и Швајцарски визи? Или ќе одевме на одмор Португалија, скијање во Словачка?
Јас сум занемен пред одушевениот восклик на Македонската јавност, на темата Русија ќе ја нападни Украина. Уште свршуваат на тој тип на вести. Подобро од гнев и сиромаштија очигледно не заслужуваат затоа што за подобро не им фаќа главата.
Сега се поставува прашањето, јас на чија страна сум? Мене ми е очајно жал само за Украина, земја полна сиромаштија е ставена во Биполарна ситуација од која вака и онака невино ќе страда, за некој да и сврши на образ на крајот од сиот неред, или да ја силува, пошто воњата и сиромаштијата во сексуален еквивалент се силување. Само за неа ми е жал, само со неа симпатизирам.
Во периодов научив да симпатизирам и со Германци. И нивната ја сечеја ја делеја со ѕидови - со децении.
На почеток не сфаќав зошто кога ќе кажам дека доаѓам од Македонија, една од многуте бивши Југословенски, кај Германците е присутен замислен израз и сочуство. Откако нурнав во нивната историја после лошиот чика, и поделбата која и денес не е целосно залечена, ми стана јасно. Горбачов и слични грозни прдешки, руски еквиваленти на ликови ко Клинтон и Буш и ја пишувале иднината, или подобро кажано неживотот на Источна Германија. Не се срамат ли барем малце? Не застануваат ли да си речат ох боже мој што направив? Совест нема. Животни.
Нареден пат кога ќе се запрашате зошто сето е вака упропастено, не вперувајте прст кон некој друг. Туку размислете два пати пред импулсивно да поддржите некој.
За мене? - отследив неколку лика на Фб кои мислев дека размислуваат убаво, но после про-руските гомна, можев само да им кажам чао.