Денеска потврдата за данок на доход ми излезе како одлична можност да запознаам еден куп луѓе во УЈП Прилеп. Влегов и се упатив директно на 3 кат пошто натаму ме носеше стрелката УЈП дирекција. Таму влегов и го запознав инспекторот, кој ми рече дека не сум за таму, како можело да не сум знаел каде треба да одам, типичен кмет однесување. Слегов долу, испикан во ходникот имаше еден шалтер архива и тука прашав. Тука дознав дека Благојче бил задолжен за потврдите ама имал земено излезница, така ми кажа Иван. Потоа Иван ме упати кај Сузе на 2-ти кат. Сузе ми кажа дека не била запозната, да прашам во соседната соба. Тука батето ја прочита, имаше нешто бројки пред него, изгледаше сериозно, ме упати долу на први кат, десно во ходникот и на крајот лево во белата соба. Влегов таму, особата со број 1 да ја наречеме ја читна и ми речи не знам за шо е ова, али колешката со црвена коса и во 50-ти години ја виде и конечно ми кажа дека нештото си останува за мене, електронски било од 2018, немало потреба да носам такво нешто. Замисли да работиш високоплатена работа и да даваш еден куп пари на даноци за особиве... дури се возев низ ходниците пред очи ми излегуваше мемето со србендата глуп, шо го заебаваат и дркаат по 10 шалтери за извод не постар од 6 месеци.