Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
10 јануари 2022
Мислења
231
Поени од реакции
436
ДК,

Штотуку открив швалерај помеѓу членови на форумот, и тоа кои. Рон и поздрав топол, дуо фантастико. Сега за сега можам да кажам само дека се на сајбер секс, а иако не можам да тврдам, мислам дека сеуште немаат остварено контакт во живо, бидејќи поздрав топол не е вакцинирана, а Рон не сака контакт со невакцинирани.
 

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.253
Поени од реакции
2.237
Кајгана.

Ти пишувам за последен пат.

Не сум депресивен, не плаши се. Денес ќе се одлогирам и не ти се враќам некое време. Не сакам да навредувам никого, ама на форумов има многу лоши и неписмени луѓе и секогаш кога ќе дојдам да видам нешто се наоѓам изнервиран. Не сакам веќе тоа да си го правам на мене, а и имам многу попаметни начини да го трошам времето. Им посакувам на сите членови да бидат посреќни во реалниот живот за да не бидат толку очајни на форум, им посакувам да читаат повеќе книги, помалку жолта штампа, им посакувам повеќе вистински пријатели во реалниот живот. Или нe, искрено не ми е битно повеќе. Јас одам да им се посветам на овие вредности.

Секое добро.
 

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.313
Поени од реакции
6.167
Сонуев дека сум умрен. Језив сон, можев да лебдам, храната срање да не навлегувам у детали ептен се испаничив.

Стануам опцув, зиам телефонот дај да видам кој шо стаил по фејсбук да ми тргне внимание малце да заспијам. Има уште 2 саати па ќе одам на работа.

Глеам директорот на кајгана, ја стаил на слаткар некоја песна, наводно нова била, и пишал чоекот, кафански стил, нешо као критика.

Ја нема да критикувам. Одам да спијам, умрен поарно ми беше без да ја знам песната.
 

SkimSkam

Full Stack Говнар
Член од
26 август 2021
Мислења
2.119
Поени од реакции
5.667
Си размишљам сабајлево, луѓето што не влагаат у крипто и нфт, се луѓето што си ја фаќаат најлевата лента на грчка граница.
 
Член од
30 јануари 2022
Мислења
67
Поени од реакции
83
Се моли владата да не отвараат фабрики повеќе, многу чадат, не можеме да дишиме надвор.
 

Лаик

Романтичар
Член од
4 август 2018
Мислења
1.383
Поени од реакции
3.077
Драгаа..ме мава некоја визија деновиве...Во оваа време подобро да бидеш чистач по улици него да бидеш на чело на држава.
Ги гледам предциве на готовс спремни стојат сите наредени позади астралната врата која е подотворена (некои нестрпливи вадат глава sиргаат) и ги дочекуваат новите патници кои им пристигнуваат.Некои ги величаат и ги носат на раме со сите почести како им доликуваат...други ги ритаат на клоци и плукаат сите по ред ко на времето на голи оток...Пред да ми испари визијата видов табла стои над вратата на која пишуваше-Не работиме со кеш,кредитна,крипто..преферираме плаќање со образ,чиста мисла и совест...:noze:
 
D

dobramuzika

Гостин
таман си дојдов на три до пет минути од дома ете ја мајка ми ми ѕвони да сум и купел на баба ми мелено кафе со наут, сто грама кафе, педесет грама наут, ајде, враќај се назад, купив што купив тоа, пакетчето по пат не можам од нос да го оттргнам, убаво мириса мме. :)
IMG_20220131_154528.jpg
дедо ми почина на почетокот од оваа година, инаку тој и купуваше на баба ми цело време мелено кафе со наут, сега таа обврска падна на мене, обожава да пие по еден филџан на сабајле, си вари.
IMG_20220131_154310.jpg
додека го пишувам ова пијам од кафето, исто мелено но само кафе, без наут, од тоа за гости, доле кај баба, седнат во фотелјата на која седеше дедо ми за времето кога не чепкаше нешто друго (најчесто средување мал милион работи низ двор).

баба ми е срце, а и дедо ми беше, иако многу нервозен последните година две пред да почине.

дедо. <3
 
Член од
7 февруари 2021
Мислења
203
Поени од реакции
612
Пуштам Youtube музика и ми излегува она 1 month free trial, и му правам skip и сфаќам дека веќе една година го правам тоа и многу други важни работи одолговлекувам. Ми дојдоа флешбеци кај што пишувам домашна во последен момент, туширање 10 мин пред излегување, купување костим 1 час пред свадба, бричење 30 мин пред секс и куп други работи. Секогаш успевам во последен момент да се "извадам" и затоа уште го правам.
Изгледа треба да се заглавам некогаш за да прекинам? Ако не, зошто да се сменам? Вака одлично функционира па зошто да поправам нешто што не е расипано. My parents didn raise a quitter - they raised a procrastinator.
 
Последно уредено:

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.570
Поени од реакции
5.975
Кеј,

сонував дека сум бил на Пелистер.

Почна вака: беше зима, македонско сивило.
Шетав сам низ Битолска Хераклеа Линкести (Линкс е дива мачка на латински). Беше злобно ладно. Во празнината и пустлијата пред мене помина еден македонски рис. Тој остана во обливион за моето присуство и битосување, затоа што бев тивок. Се провна меѓу полу-сиромашните искршени камени столбови, и низ кружни лаци од керамика отиде во Амфитеатарот. Не бев сигурен дали е опасен. На лицето му се читаше - ем згоден ем незгоден. Тргнав кон Амфитетарот. Во таа празнина, тој конечно ме забележа и уплашено побегна.

Останав занемен, во мене осамна чувство на дотогаш непозната празнина.



Натаму во сонот, себе си веќе не се гледав, го гледав само него, сам низ сувиот Пелистер. Зар не му е тешко си мислев. Има ли храна? При вака кобна зима?
Во ваква од жив свет лишена пустелија.
Има ли други како него?
- Веќе е комплетно сам. Последна единка од еден целосно истребен вид.

Низ шумските ходници обрабени од кафени дабови гранки, ветрот донесе рубин црвена свила. Ја донесе и ја однесе. Убавецот во мудар молк се испули кон небото и ја набљудуваше. Ја набљудував и јас. Се појавив пак, овој пат ме виде но не побегна, продолжи да стои. Меланхолично ме погледна, меланхолично го погледнав. Не обзеде тага. Во погледот ни се читаше копнеж за нешто подобро од самотија. Идејата дека сме сами горко надвисна.

Ама зимата беше сурова и решителна. Да не ништи. Како што се смрачуваше шумата ги проголта неговите жолти очи. Моите кафени веројатно веќе одамна беа изчезнале.







 
Последно уредено:

TOT

sorcerer
Член од
2 јануари 2019
Мислења
790
Поени од реакции
1.288
Idam deneska okolu 4 i 30 u MTV da si zemam novata vozacka i odam od hodnik u hodnik....mi se vrati filingot od half life kecot u pm, mi falese samo pajser za celosno dozivuvanje :LOL:
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.035
Поени од реакции
12.892
Зошто толку омраза и бес кај луѓето? Порано мислев дека тоа е резултат како последица на агресивни родители/сопружници дома или нефер однос со нив на училиште/факултет/работа, ама се повеќе сфаќам дека на луѓето не им треба некоја посебна постапка да носат и шират толку омраза, туку целиот начин и место на живот си носи омраза, која само се пренесува генерациски, нема кој да ја спречи и пренасочи енергијата, никој нема додатна енергија да ја пренасочи негативната енергија. Па така луѓето кога ќе речат “си го мразам животот“, сфаќам дека тоа не е само флосула, они навистина си го мразат животот и се во него, и себе самите и сите околу нив “блиски“ луѓе. Кога ќе речат “ќе се убијам“, тие навистина би се убиле од што се изедени и мртви внатре самите од толку омраза со години што носат во себе, само немаат доволно храброст за тоа, “муда“ што би се рекло со уличен жаргон. Почни од најмали секојдневни примери, читам коментари од луѓе на објава дека имало симболичен протест на местотото каде што била згазена Викторија и јас просто се угушив од срам што читам, веќе ниеден коментар не беше идеја како да нема такви жртви, апел како да се вози, сочуство или правно гледиште што да се бара и делува, 90% од коментарите беа од типот “скопјани вие сте пички, нигде ве нема да излезете, од Радовиш ви доаѓаат луѓе, вас кур ве боли за провинцијалци, ги газите“... И стотина, стотина лајкови. Ширење толку многу негатива, а тотално одалечување од објавата и од самиот немил настан, што не смее никако да е засенет. И ајде да одиме чекор наназад, истите тие луѓе претходно во животот налетале на некое скопско лингурче што ги деградирало само затоа што не се од Скопје, ги навредувало и им создало одбивност за Скопје. Подоцна луѓето ја користат секоја прилика да шират омраза против сите скопјани, бидејќи сликата за градот и жителите била истата слика што ја оставило тоа лингурче. И тоа циркулира, нема крај, никој не крева рачна, само се врти кругот, дури и кога се прави штета на сите, секој момент ќе се користи веќе да се искаже гневот и бесот кон се. Не е само тоа, Надал освоил Гренд Слем, нашава нација полна со бес и навреди, до степен смрт да му посакаат. Никој не гледа дека човекот цел живот му посветил на тенисот, што е 35 години и цела кариера го мачат повреди после кои собирал сили пак да се врати и да игра, што има голема љубов кон тенисот која го враќа пак назад да игра секој турнир, иста како и сите љубители на тенисот што гледаат независно чии фанови биле. Нема никаква честитка, тој е виновен, бидејќи не играл Ноле, ајде да го навредуваме.

И не, не дигајте раце со изговорот “менталитет не можеме да смениме“, така е најлесно, да не мрдаме од комфор зона сите, земете дејствувајте. Одете кај другар на гости, пофалете го другарот пред мајка му, кажете на мајка му дека направила одлична работа во животот со тоа што воспитала толку паметно и чесно дете. Кажете му на другарот дека има прекрасни родители, дека теба да ги чува. Зошто само лошите работи се тие што ќе ги кажеме без да размислиме, а добриот комплимент и оставен впечаток ќе го премолчиме. Зошто да не разубавиме нечив ден? Па само со љубов можете да ја спречите омразата, ширете љубов, сакајте се, зарем толку е полесно да се пишуваат/лајкнуваат коментари како тие погоре, наместо да ширите љубов и позитивна енергија.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom