Кајганке
Во годината кога се одбележува 100 години од раѓањето на Блаже Конески, денес 7 декември се одбележуваат 28 години од упокојувањето на Блаже Конески
„Блаже никогаш не ќе е минато!“ Тој е и денес со нас. Посилно од кога било досега! - Славко Јаневски
Тешкото
О тешкото! Зурли штом диво ќе писнат,
штом тапан ќе грмне со подземен екот —
во градиве зошто жал лута ме стиска,
во очиве зошто ми навира река
и зошто ми иде да плачам ко дете,
да превијам раце, да прекријам лик —
та гризам јас усни, стегам срце клето,
да не пушти вик