Драга Кајгана (виртуелен дневник)

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.419
Поени од реакции
30.016
Што е ШУНКА? Еве ја прашавме и Википедија, она вели
- Шунка — свинско месо, кое е зачувано со солење, чадење или со влажна постапка. Традиционално е направена само од задната нога на свињата.

Па веќе ми пукна филмот во каурски пекари да купувам пр. затворена пица со пилешка салама. Секаде пишува ШУНКА, внатре пилешка.
Сега им ги вратив и пари им барав назад, инат ме фати. Нека нагласат под производот ПИЛЕШКА па да се знае, едноставно да не купувам.
А сите знаеме зошто и заради кого е тоа така.
 

Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.834
Поени од реакции
6.442
Драга,

да не звучам дрско ама сам бог знај каков секс лежи во Лана дел Реј. Се би и дозволил. Благо тој што ја имал. Незнам друго шо да кажам. Сум ја сонувал над мене. Тигрица.

Треба да имаш пичка за да му појдиш во Шведска да му пејш песна за Вајнстин, и за тоа дека мачето ти има вкус на Пепси (I bet it does) - сето тоа дури пејш со мастика в уста. Нога дрога, ја замислувам кај што ја држам и галам. Ах.

 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.961
Поени од реакции
15.193
Во некои моменти стварно се запрашувам дали вреди тие 80 години што ги имаш да ги поминеш во врска. Еве денес во 15 саат имав лет, во исто време со трката ф1. Пред да полетам избришав инстаграм, ги блокнав сите другари што гледаат ф1 и ги тргнав сите нотификации што може да ми стигнат на ебениот телефон. На девојка ми и пишав бришам инста за да не видам резултати ф1. Слетувам во виена, отварам телефон да и пишам дека сум слетал гледам ми пратила слика од тв дека има упалено формула. И пишувам не ми кажувај за да ја гледам. МИ ВРАЌА ШТО ЌЕ ГЛЕДАШ СЕКАКО ХАМИЛТОН ПОБЕДИ ХАХА. Инстантно добивам нервен слом и почињам да урлам по пораки и ми враќа ај бе извини секако има уште две трки, УШТЕ ВОДИ ТОЈ НА В (н.з. тој на в е верстапен). Добивам втор нервен слом бидејќи чим води тој на в, значи дека завршил втор, а тоа е вториот голем спојлер на трката. Пак урлам и ми вика ај барем тој твојот заврши трет (алонсо после 10 години завршува на подиум и тоа ми е спојлнато). Веќе немав енергија ни за нервен слом за на крај да добијам, океј а веќер кај мене ќе спиеш. Нормално после целиот тој гнев, нервоза и омраза проследена со одлука да раскинам, само реков да и продолжив да постојам без грам интегритет.
 
Последно уредено:

Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.834
Поени од реакции
6.442
Драга,

на форумов постирам толку крап, што од време на време си велам, ок време е да споделиш и нешто пријатно.

Денес размислував за тоа колку човештвото е откачено од природната флора и фауна на планетата. Се повеќе сме вложени во бедни идеали, свет од машинерија, воњи, гнев, неубави работи.
Одам да шетам во природа (регионот на Црната Шума во Германија) и сум вчудоневиден од тоа колку остатокот од живиот свет - од животни до семиња и растенија се во спонтана симбиоза со нашата мајка. Ме фасцинира колку Универзумот ги обдарил поедини видови. Сакам птици. Посебно лебеди - остануваат во брак цел живот, моногамија ретка кај било кој друг животински вид. Обожам семејства од два големи лебеди и малечки бебиња како лизгаат во водата по нив. Ја слушав Лебедово Езеро на Чајковски - актот или сцената Маѓепсано Езеро е волшебна.

Последно открив друг вид на "од Господ бакнати" птици кои живеат во Унгарија - околу езерото Балатон. Станува збор за Сината Птица која лета во источна Европа. Најчеста е во Унгарија и Словачка, но знае да летни и низ Полска и максимум до Естонија.

Не верувам во тоа дека Елон Маск или било кој Зелени ликови ќе ја спасат планетата. Не сум тој тип на лицемерен Либерал. Сето е заминато во неповрат. Ние, нашите системи и идеали, ние го уништивме светот. И суперкола на батерии која можи да си ја дозволи едниот процент од Светот, не е решението.

Поздрав со Унгарските убавичиња
 
Последно уредено:

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.409
Поени од реакции
38.929
Иста ваква чавка од Унгарија и јас запознав, само не летеше оваа. Не беше тетовирана само на брадавиците, али затоа имаше пирсинг на двете.

Иначе сабајлето незнам од каде ми текна на една случка од пред 5-6 години во Штип. Влегувам во една книжарница, и таму продавачката зборуваше со еден човек околу 30тина години, се договараа аплицираше за работа таму. Му зима девојката документи и му кажа дека ќе предаде на шефот кога ќе дојде, али дека работата е завршена и дека само техникалии треба да средат.

Овој после се јавува на телефон на мајкаму, цел среќен возбуден си прави муабет на цел глас, мамоо тетката ми кажа дека се е средено леле мајче најдов работа, ми рекоа ќе ми јават за неколку дена. :pos::pos: Јас и тетката која патем беше сигурно 7-8 год помлада од него само се смееме под мустаќ. :pos:

Иначе шо ми беше зборот .. ми текна на случката како вчера да се десила, а не ми текнува кој кур барав јас у книжарница у Штип. :pos::pos::pos::pos:Да беше Скопје ај до некаде ќе разберев цела држава е у ск, али Штип бе. Од сабајле од 9 ми текна на ова и еве скоро 12 саати се мачам да ми текне шо праев у Штип тој ден.:pos:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom