TrendS
Work Smart, Not Hard
- Член од
- 14 декември 2018
- Мислења
- 4.419
- Поени од реакции
- 30.016
Интересна ситуација, истовремено криво ми е. Но поука за во иднина.
Мислам дека имам тука споменато дека од септември до вчера турбо работевме на еден софтвер што ќе оди секако во Германија. Готов е, на 29ти го инсталираме и чао џаци со него. Фаќаме друг да работиме.
Во истиот напнат период, еден близок роднина ме замоли да му изработам една мала апликација за школо за странски јазици, како демек итно му била потребна. Реков океј, срце не ми даваше да го одбијам.
Го прашав што конкретно му е потребно, направив алгоритам и во целиот тој хаос не го одбив, туку му кажав дека ќе му ја изработувам апликацијата во "слободното" време (кое практично и го немав).
Прв пат беше побарана таква услуга од мене, секако бесплатна, за близок, но очигледно прв и последен пат.
Ја изработив апликацијата за него, не беше воопшто комплексна апликација. Не ми ни одзема нешто посебно време. Но сепак, си бара работа, ништо не е туку така (иако многу така мислат). Му ја презентирав пред две недели, посака некои мали измени, ги средив и тие работи. Ја истестирав и ја завршив.
Буквално со задоволство му ја поклонив, гратис програмче за неговото школо за странски јазици. Му го инсталирав пред една недела и секако го врзав онлајн да бекапира датабази на мој сервер, во случај да има некоја хаварија кај него на компјутерите, па да се врати одма бекап на базите.
Супер, презадоволен и преблагодарен беше. Драго ми е кога ќе помогнам на близок. Фала богу мозок продавам/поклонувам, ништо материјално не давам.
И така софтверот му стои инсталиран на компјутер, автоматски си бекапира бази кај мене во сервер на два дена.
Денеска ми текна да ги отворам бекапите тоест базите, да видам како му оди работата со софтверот, да видам health status.
Кога што да видам. Не е пипнат софтверот. Па не го ни вклучил од кога му го инсталирав, камо ли да го употребувал.
Е тоа е тоа, за мене тоа беше играчка. Работам на големи системи, тоа пограмче за него ми беше буквално играчка. Но ми бараш услуга, пријателски ти изработувам и поклонувам апликација истовремено додека сум во огромен хаос со софтвер од каде што лебот го вадам. Без разлика колку и да е едноставна, ми одзема време и труд.
И на крај уринираш врз таа моја апликација, односно излегува дека ништо не било итно, па очигледно дури не му било ни потребно.
Е тоа е драги пријатели и пријателки. После ова, па веќе ни за родена сестра не пипам бре.
Него тоа е гратис кога му подаруваш на некого нешто, не ти го цени трудот и времето. Затоа не работете за никого гратис. По незнам кој пат реков, прв и последен ми е ова. Ми вреѓа интелегенција бре.
Таму каде што продаваш софтвер, тие ти го ценат делото. Зошто? Зошто го плаќаат дебело, а секој си ги цени парите.
Таму каде што продаваш софтвер, никој не ти го бара тој софтвер за ете да му се најде некогаш, го користат постојано. А и да не го користат ми е гајле, парите сме ги наплатиле, одржување си тече башка. Но нема таква будала што плаќа нешто а не го користи.