Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
22 јуни 2021
Мислења
97
Поени од реакции
211
Драга Кајгана,

Денес јадев аспарагус и пршута со двајца французи еден германец и еден финец, читав Аристотел и слушав турбофолк.

Јас сум најголемиот европеец на форумот.
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.180
Поени од реакции
8.818
Стандард во еден кафич одиме. Скоро секој ден. И секој пат доаѓа една млада ромка со бебе и пита по масите. Некој и дава пари некој не. Некој од сожалување, некој само да му се тргне од маса зошто не си оди додека не дадеш пари. Јас и давам ситно нешто по 10 денари секогаш. Бебето валкано, со мрсули, таа бетер и ќе ти падне жал. Ја знам уште откако беше трудна и питаше, значи времиња си пита.

Карши мојата зграда, тука во близина има една куќарка, 40 квадрати, со полско веце, пропадната, со шупливи прозори, најлони место прозори, промаја од сите страни, се се распаѓа и внатре живеат мајка, татко, 3 ќерки со зетовите и едни се само без деца, другите две имаат 2 и 3 деца и + 2 синови.
Тука блиску е Веро и на смени си питаат цела фамилија. Јас и пред Веро им давам пари и дома им давам и алишта и пари и јадење. Нив повеќе им давам, ваљда дека тука ми се поблиску.

Некогаш и во казино пиеме кафе. Ретко, ама се случува. Вчера ајде видовме низ град јак џекпот се паѓал, ај демек со ситно нешто ќе пробаме. Внатре на една машина ромката од кафичот, на друга една од ќерките со зетот од кај мене и на трета таткото со жена му.

По некое време свирна џекпот, на таткото на овие од кај мене 35 000 му се паднаа. И ми се сврти ми вика ај те молам лична карта дај ми социјалното ќе ми го скинат. Немам викам не носам, нервоза ме фати, се напнав. Му даде таму некој, 1000 денари му дадоа. Требаше може јас да им земам иљадарче, да си вратам нешто.

Прееска до Веро одам за дездоранс и жена му со едно од децата пита.
Ме виде мене и се крие со шамијата. И викам здраво Разије како си? И не се појави од под шамија.
Се нервирам во Веро, се напнувам, шетав пола саат, стискам пари да не потрошам многу и излегувам, втора смена дојде, најмалата ќерка.
Лична дај некој денар за децата леб да јадат.

И фрлив 10 денари.
..............
 

@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.629
Поени од реакции
2.071
Топлото време ги прави многу нервозни луѓево и тоа се приметува и во реалноста и по социјалните мрежи и платформи. Во комбинација со секојдневните проблеми и секојдневниот стрес доведува до тоа на секој чекор и во секој момент да фрчат навреди, со цел да се ослободат од таа негативна енергија.
 
Ф

Флеш

Гостин
На работа сум денеска од 8:30 до 23 вечерта ..... Си пуштив радио на работа,ми ечи Накси радио или Фортуна,зависи од расположение.Внатре ладно, пуштено на јако 3 клими до 17 степени да дуваат.Надвор пука 35 степена . Немам живо пиле од колеги, сам свој газда. Летото ми е милина за работа .Иначе си нарачав и другарче да ми донесе јадење од кај него работа,у Кантина работи у Дебар Маало. Уф уф уф уф ....

@Rosemberg поздрав да беше на мое место,жал ми е :LOL:
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.860
Поени од реакции
54.394
Ух, матичен број.... флешови ми се појавуваат.



Ја матичниот број од мака го научив у средно. Идев вонредно 2ра година второ полугодие и требаше да пријавам кои предмети ќе ги полагам, арно ама отидов во последен ден во последна минута, секретарките пред да си идат и ми викаат дечко матичен број ти фали, јас секако не го знам на памет, вртам на мајка ми-не е дома, вртам на татко ми-на работа е и си викам ееее копиле бе тоа е тоа ни средно нема да завршиш... И стојам така у школскиот двор како куртон, го гледам класниот разулавен иде накај салата, го стопирам и му викам професоре, ме гледа и во движење ми вика шо е бе? му викам абе да пријавам ова предметиве ама ми фали матичен број.... застанува братот и коа ми залепи еден бокс у глава, цел живот ми помина пред очи. Ништо не ми рече, си отиде, ја останав така зачуден со птици што ми се вртат над глава ко на цртан филм.

Ми се јави татко ми после 5 минути, ми го кажа матичниот број, сместа го научив, никад нема да го забораам.
 

Trent Alexander Arnold

Stamford Bridge, Fulham Road, London, UK, SW6 1HS
Член од
30 јули 2020
Мислења
914
Поени од реакции
4.144
Мразам лето, нека се носи у бестрага и плажа и одмор и бикини и гзови и 50 степена навор. Се потам ко свиња некоја на секои 5 мин, од 12 до 7 ми е страв да искочам од дома.
 
Член од
20 април 2014
Мислења
5.239
Поени од реакции
5.820
Драгано. И на тебе веќе не ти е арно, при крај си со здравјето чим 90 % од маабетите се сведеа на корона вирус, а од Љубов и Секс остана само хомосексуалност и трансџедер.
Сигурно имаш метастаза у поодмината фаза. Бог да те просте Драга.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.366
Поени од реакции
38.343
Не знам кајги, али мене вруќинава ме прави да се осеќам како човек. Витаминот од сонцето е незаменлив за нормално функционирање. Жедта ја гасам со кисела вода и кисело млеко. Нема боље.
 
Член од
20 април 2014
Мислења
5.239
Поени од реакции
5.820
Драгана, знаеш дека Тоше Проески откако си умре почнаа да кажуваат луѓето на кој тајно им помагал парично. Самиот инсистирал да не се знае. Едино таквата милост е вистинска.
Сета друга е само театар, дали за пред други или пред сам себе. Требала да и побара иледарка, да си врне нешто. :facepalm: Затоа веќе нема да биде погледната. Кога даваш нешто не е твоја работа шо ке прават со тие пари. Твоето тука завршува. И Драга немој веќе да и фрлаш трошки на другите.
 
Член од
20 април 2014
Мислења
5.239
Поени од реакции
5.820
Драгано. Гледам веќе се радуваат на моето пакување. Нарочито докторица Ацесо свршила во гаќи
кога ја видела песната шо ја постирав. Да и пожелам...И пожелувам уште многу вакви радости и свршувања да доживее кога ќе виде дека некој е баниран или се самобанира и тоа да и биде единствената радост у животот беден, вреден како пола капка утрешна роса.
Инаку Драгано, 7 години е еден циклус, така да доволно е. Полека си го паковам коферот.
Не се брзам. Не брзам по принцип. Секогаш одам у 5 до 12. Така ми е најубаво.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom