25ти Април
Недела као недела, лабав ден по дома со мини скара и филмови. Денот докај 14:00 беше кул и опуштен дур не почна мозоков да процесира дека од 5ти до 9ти мај ќе биде пекол на работа. Имав некоја среќа да ми биде понудено да бидам одговорен за Disaster Recovery тестот годинава у фирма, на ниво на 505 апликации т.е. продукти. И се си беше океј дур не дојде периодот за припреми, тогаш сфатив дека it's not going to be easy. Повеќе хартија у живот низ рака ми нема поминато, цела документација беше некој си 1400 страни.
Решив да олабавам пред целиов хаос да настане и си уплатив 4 дена во Кападокија, заминав на 27ми. Локацијата што да кажам, драма. Од фотографска гледна точка, имаше еден куп локации за сликање и шетање. А, и деновите таман ги погодив, ни ден помалце ни ден повеќе е Кападокија. Ги прошетав сите 3 патеки, и направив преку 1000 слики. По 20-25 километри на ден пешачење, ама сепак релаксирачки. Нормално по сите мерки беше патувањево, со FFP2 маска, 4 PCR тестови, а таму ни 30тина туристи. Авионите скоро празни, се погоди ама баш се.
Батериите наполнети, спремен за работа. Поставив некој milestones, и целиот тест на работа требаше да трае нешто помалку од 72 часа. Се си течеше според план, дур едниот датацентар не почна да покажува непослушност. Го заобиколвиме и тој проблем за нешто поомалце од 2 часа. Секако имав луѓе што ми помагаа и требаше да ме заменат за да спијам, but... се осетив одговорен и решив да одам до крај. Околу 50 часа без сон, испиени точно 7 кафиња и 5 ред бул лименки. Здравје? Заеби здравје.
Од точно 505 апликации, само 11 завршија со фејл, останатото беше успешно. Подобрување од 7% во однос на ланскиот тест.
Сабајлево, 06:00 прв ден системите доаѓаат онлајн и стресот на максимум. Дали продукција ќе има проблем или се ќе биде во најдобар ред. Доаѓам онлајн и гледам 0 инциденти. Системите работат, а мејлот со 1 порака означена како urgent. И пак истото, како и претходниот викенд. Си викам кој курац бе луѓе праќаат итни мејлови у Недела, кај ли им оди душата. Овојпат за чудо мејлот беше позитивен, понуда за нова работна позиција односно Product Owner, а закажавме состанок во 11 кој траеше 15 минути. Секако прифатив без двоумење
Среќен сум за позицијата и веројатно затоа што ова ми реши некои дилеми. Бев на една раскрсница што со кариерата. Почнав како 2Д композитор на визуелни ефекти, потрошив 5 години таму, и пред 2 години решив да го терам програмирањето што ме влечеше цел живот, а и ради факсот.
Цело време си викав дека ова програмирањето е фаза која ќе помине, дека љубовта ми е во визуелните ефекти зошто има повеќе слобода, креативноста работи. Викендов конечно сфатив дека не е потребно да создадеш некое филмче, слика или видео за да се нарече уметност. Еден куп проблеми решивме викендов со креативно размислување и поинаков пристап. Секогаш го знаев ова во програмирањето, ама мислам дека за првпат искусив вистински предизвик.
Среќен сум што конечно се осеќам комфорно во однос на системот, и со сигурност можам да кажам дека знам како функционира во целост. И знам дека тешкото допрва доаѓа, одговорноста е доста поголема ама со упорност и со љубов кон работата, ваљда секој проблем ќе можам да го решам?
Сево ова помина без ниедна грешка од моја страна, ама направив почетничка грешка што ова го споделив со домашните. Инстантно добив 10 повици и пораки на месинџер "ubav na teta, bravo. Ajde uste da te zenime pa teta da igra na svadba", "eee bravo be babe, ajde pa i vnucinja da si docekame sega". Ок, не сум више среќен мрш.