Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
23 август 2010
Мислења
39.867
Поени од реакции
116.136
Неделава сум на одмор затоа што нели корона време е па не ни имаме каде, кога, а и потреба за истиот ама по закон мора па го пишав неделава. Отидовме со девојка ми во Крушево, кај нејзе нормално, и еве веќе 5-ти ден се осеќам како препороден. Секој ден си напраивме нешто као дневен распоред, сабајле кафе, доручек па шетња низ Крушево, доаѓаме дома, пак нешо кафе мафе, ручаме и накај 5 попладне пак шетња низ Крушево, поопширна во однос на утринската поради попријатното време приквечер, се до полицискиот час и потоа филм/серија додека заспиеме.

Крушево е толку убав град да тоа е неопишливо, а колку не знаеме да го цениме тоа е сосема друга приказна. Денес правевме малце подолга рута, покрај езерото, после низ коријата, по еден, друг, трет рид, па кај ски центарот и после од другата страна кај хотелот Панорама се спуштивме во градот. И сеа одиш низ прекрасна шума и одеднаш доаѓаш до простор со рандом сечени дрва од дебили дрвокрадци, па има едно место кај што си фрлаат луѓето ѓубре ничим изазвани итн. Па добро бе да го ебам, луѓето пред 150 години кога немало ни технологија ни ништо размислувале и саделе дрвја со план, значи пошумувале со концепт, еве кој бил знае за што зборувам, стотици дрвја садени во линија, со точно одреден простор меѓу нив, и сеа имаш во 2021 година МОРОНИ кои ради ситен личен профит тоа го уништуваат и унаказуваат. Би ги колел таквите без око да ми трепне, да им се посерам во тоа безмозочните дебили.
Има по пат чешмички од кои тече бистра и ладна вода, вода која мислам дека ќе ја сонувам кога ќе се вратам во Скопје. Она чувство кога шеташ, те рока сонце у глава, наоѓаш рандом чешмиче, се миеш, пиеш од неа и осеќаш нирвана, најдоброто чувство на светот.
Мислам дека наполнив батерии за цела година, е до толку ми е убаво.

Откако дојдовме решивме да готвиме нешо па праевме домашни пици и искрено ко за прв пат топ излегоа.

А да, морам да спомнам дека тениските терени не се пуштени се уште ради короната, секоја чест мислам, забранет најбезопасниот спорт што се тиче корона вирусот, ти ебам глупата држава ти ебам.

Ае се одјавувам, да поуживам уште два дена па се враќаме на секојдневието.
 
Член од
16 јануари 2013
Мислења
3.970
Поени од реакции
8.192
ДК,

*цела година Вилипче не прави ништо за намалување на заразата, нема вакцини и први сме во свет по починати на 1000000

иди Велигден, Владиката ги следи чекорите на Министерот

*Министерот
1619721335109.png
1619721359885.png

се по список неспособно
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.204
Нема човек што повеќе од мене се има жалено од оваа вукојебина,нема човек што повеќе му пречат неред,недисциплина и неписменоќа.Сега во овој миг,додека сопругата ми ги пакува куферите ми се стега душата,грутка у грлото ми се направи.Дојде долго посакуваниот ден за одење,а не било уопште толку лесно како што си замислував.Диле ги спакува куферите и се одјавува,ви посакувам многу среќа на сите и добри и лоши луѓе.Ако се предомислам,не значи дека сум плачко,само има некои закони на природата кои се многу посилни од мене.Сега за сега успешно им се спротиставувам.Поздрав до сите членови и се надевам дека ке се дружиме повторно у скоро време.
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.930
Поени од реакции
17.937
Драга

Се договоривме вчера во 6 саат да се чекаме за да го носам на лекар во Скопје, арно ама стари луѓе и почна да ми чука во 15 до 6, јас сонлив, станав се облеков измив итн. И сега морав такси да викам, не ми е далеку автобуската, ама човеков едвај оди и онака зашематен се јавувам на еден број на такси што го сочував пред пет-шест години, наместо на тој што сакам да се јавам.

Се јавува фин женски глас и кажувам каде да дојде таксито, оваа ме праша пак каде и викам на тоа и тоа место. Оваа ми кажа место со слично име, јас и викам не таму, туку тоа и тоа место. И ме прашува дечки од Велес си? Во исто време ми дојде и фејспалм да си удрам и да се смејам. И викам не не грешка сум, догледање.

Кога сме кај Велес многу убав град, сум бил неколку пати (сите градови во кои сум бил ми се убави на некој начин). А имавме и традиција втори август да одиме на излет на езерото. Секако имам колеги од таму и пријатели. Поздрав до моите комради што имаат потекло/живеат таму @Agda Beata, @Kasabian, @Nik20 и остали форумџии.
 

@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.802
Поени од реакции
2.353
Подосадни луѓе од овие што по илјада пати ти кажуваат и те убедуваат да си се вакцинирал нема. Јас мислам да можат на задникот ќе прозборат. Кој си ти бе да си дадеш за право ме убедуваш за нешто што е мој личен избор? Па уште да се стручни во областа и така и така, а плус тие истите до вчера веруваа дека не постои вирусот.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Од сите веб-сајтови на маркети во државава (Тинекс, Веро, Кам, Рамстор...) убедливо најдобар, најточен и најажуриран сајт со најдобрите информации ги има Стокомак

stokomak.com.mk
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.505
Поени од реакции
11.454
Драга,

Ги читав темите за патување во арапските земји и како некои луѓе не препорачуваат патување во овие земји пред се заради личната безбедност на поединецот. Тоа секако е океј нели, ама сакав да кажам дека за момент се почувствував ко нешто да не е во ред со мене. Имено, отсекогаш сум сакала да патувам на некои невообичаени места, ризични, изолирани, културолошки целосно спротивни од тоа што го имаме на Балканот. Па така, мене желба ми е да одам во Сирија и Авганистан и најмрачните делови на Латинска Америка, Ел Салвадор и Хондурас.
Некогаш кога ќе седнам на youtube со часови поминувам виртуелно патувајќи низ овие дестинации.

Инаку по природа воопшто не сум авантурист и сакам да чекорам по сигурни патеки, ама ете кога е во прашање патувањето имам такви некои чудни хммм фетиши. Веројатно и кога би идела таму би оладила на лице место доколку се почувствувам директно загрозена од околината, ама желбата е тука и не можам да ја пречкртам само така. Почнав премногу сериозно да го сфаќам реализирањето на моите желби и каприци, така да who knows, може ќе стигнам до Дамаск и Рака еден ден :rolleyes:.
 
Последно уредено:

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.406
Поени од реакции
5.971
Живеам на моите пар квадратни метри. Имам добар компјутер и пазарот не ми е далеку. Немам потреба за некакви посебни признаници за успех. Немам потреба нешто некому да му докажувам. Немам потреба од самозаљубеност. Немам потреба од биење битки во некоиси квази духовни гладијаторски арени и терање вистина преку трупови. Барем не свесна потреба. Пар луѓе што ги сакам постојат за мене, се надевам дека постојам и јас за нив. Сè друго е лук и вода.

- Дејан Дуковски
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.961
Поени од реакции
25.525
Понекогаш имам флеш бекс од немили настани, закопани некаде длабоко во потсвеста...
Последно лето во Македонија, пар месеци пред да заминам, излезена со другарките, во добро расположение, гледам две разиграни кутриња, мили и безгрижни. Вадиме кафе од кафемат, се вртам повторно накај нив и го гледам едното лежи и го испушта последниот здив. Вреснувам од агонија, плачам на цел глас, едни момци кои виделе што се случи ми објаснуваат дека некој идиот се улетал со кола накај нив кога ги видел среде улица, намерно. Едното успеало да избега, другото се вкочанило на место од страв. Животот на кутрето е дефиниција за животот во Македонија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom