Драга,
утрово ме удри мислата зошто САД во 245 години постоење имa 46 преседатели и ниту еден од нив не е жена. Зошто имаат толкава стигма кон идејата, жена претседател?
Па во Европа во Среден Век имало еден куп владетелки, кралици и императорки, а зборуваме за време во кое Европа била христијански супер свет. Една од нив - Елизабета 1ва од Англија ги формираше колониите во Вирџинија. Зарем толку мислат дека жена е неспособна и неквалификувана да владее?
За Германија во среден век исто не можам ни да пребројам колку жени ги имаат водено (во Светото Римско Царство).
Денес Финска има премиерка и Словачка има претседателка, голема работа.
Ангела Меркел беше најмоќна жена во Европа скоро 20 години. Во иднина (по моќ) неа ќе ја смени Урсула фон дер Лејен, уште една германка.
Јас не живеам во делузија дека кога ќе ставиш жена претседател одеднаш ќе бидеме космичка утопија во која ќе цветаат ружи и ќе врни дожд од дијаманти.
Исти *** ќе биди, ништо нема одеднаш чудотворно да се смени на подобро. И токму затоа е апсурдно да имаш таква стигма кон идејата жена претседател. Во најмала рака си прост и глупав и живееш во догма која нема допирна точка со реалноста.
И знаеш што, не ни сакам да имаат жена претседател во САД, не е тоа поентата на овај пост. Се што е присилно или стигнало до точка да биде присилно и дебатирано е веќе одвратно, затоа што наместо да дојде природно и спонтано (како во Европа во среден век) сега мора да биде исфорсирано.
Веројатно стариот тестамент полека но сигурно го надвладеува новиот тестамент во САД, па затоа работите дошле до овај степен. Не е во генезата на европскиот маж, да се мрази жена и да се потчинува жена до тој степен.