Драга,
Какво убавина ми е терасава со сликава што ја гледам од фотеља, јас се трудам да сработам нешто а сопруг ги анимира бебуши на тераса, им раскажува што е што, кај ќе шетале уште малку, што планирал да им направи, им раскажува за игралиштето што е во фаза изработка, за дрвцата, тревите, пеперутките... а милите ќутат и со внимание го набљудуваат, сите тројца ко сардини во релаксатори наредени, трепкаат со очињата, пробуваат да го лоцираат со погледот и само одвреме навреме некое ќе се налути ако му падне цуцлата. И ај работи кога имаш таков поглед пред себе... ма се можам да сработам со оваа енергија. Синоќа сонував прекрасен сон, убав, не сакав ни да се разбудам утрово, а ме разбудија лоши вести за блиска другарка, многу сакам да можев да помогнам, ама она преку океан а јас овде, многу тешко. Сепак животот во моментот ми има друга рамка, не можам поинаку и да сакам.
Денес е ден за контрола и можно прва вакцина, а толку не сум на чисто со муабетот вакцина, ми се темни, ама... Чувај ги господе и моите и сите деца на светов!
Убав ден!