Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
26 август 2019
Мислења
351
Поени од реакции
763
Кајги!

Ништо не е помеко од перницата дома и ништо не е повкусно од кафето на сопруг во 6 наутро. Конечно дома, тивко е, бебуши намирени и дремуцкаат во релаксатори, појадокот се спрема во рерна, за пола саат стига и помошта а јас сеуште не можам да се навикнам на фактот дека не сум повеќе прикована за кревет. Колку е убав животот од веритикала... Куќава ми е уште подрага сега, топла, тивка, светла. Сонцето надвор ќе не измами сигурно да излеземе на воздух малку подоцна, ми недостигаат моите цвеќиња, едвај чекам да ги видам. Денес е на ред склапање колички и монтирање дел од мебел во соба што остана немонтиран. Животот ми е толку исполнет а некако немам зборови да го доловам. Конечно го оправдав надимакот, сега сум мамасита во вистинска смисла на зборот. Е Теа, Теа, пред само 1ипол година се двоумеше, а сега, пресреќна си, вредеше се! Само едно сакам во моментов, тие да се овде, да облетуваат околу мене додека ме фаќа паника како ќе се снајдам.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
High-speed rail network in China


Meanwhile in Macedonia каде што исто градат Кинези:
1619101706411.png
1619101849028.png

Не сум го возел неколку месеци, ама не сум слушнал ни дека се готови тие 20 км.

Маме им кинеско, нас ни ги пуштаат мрзливите :unsure:
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.188
Поени од реакции
10.206
Драга,

Кога го читав вчера Џони за чичо му, се присетив на дедо ми.
Пред два дена се навршија 20 години од неговата смрт. Не го познавав многу зашто бев копиљ тогаш, али имам едно сеќавање со него и секогаш ко ќе го спомнеме ќе ми текне на тоа сеќавање и колку и да е без врска и ништо посебно, мене тоа сеќавање ми е при срце. Ми се растажува душата што немав бар уште некоја година со него, што не живееше поблизу до нас и што не ми раскажуваше приказни ко што правеа дедовците на другиве деца.

Денес решив да напишам расказ за него со надеж дека таа случка нема да избледи од сеќавањето и хартијата ќе сведочи за неа и по мене.
Никогаш не сум завршил ништо од тоа што сум го имал ко идеја за пишување и обично на сам старт се откажував. Уште ми текнува на зборовите на професорите, дека немам талент за пишување. Можда затоа и се откажував секогаш кога ќе почнев.

Расказов за дедо го почнав. Се надевам ќе најдам зборови да го завршам, дедо ќе помогне од небото. :(
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.429
Поени од реакции
39.036
Ги репризирам сите сезони на ГОТ. Подрик братот стави неодерен зајак на ражен, го запали цел хахаххахахахахахахахахах. Обожавам вакви ликови. :pos: :pos: :pos: :pos: :pos:

Солзи ми течат жити се :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos:

 
Последно уредено:
Член од
29 март 2021
Мислења
301
Поени од реакции
864
Еве уште еден. Влог 10 евра, вкупна добивка 529,63. Во страшна серија сум, штета што на платформата која играм не се поголеми турнирите. Каде е Pokerstars кога се претворив во Негреану?

nov.jpg
 
Член од
20 април 2014
Мислења
5.239
Поени од реакции
5.821
Кара Миа. Знаеш ли пестотини еврејски книшки не вредат ни колку една шака кал од имотот на Димче?
 
Член од
15 јуни 2013
Мислења
130
Поени од реакции
307
Драга Кајгана,

Се повеќе и повеќе се работите шо не ми прават ни топло ни ладно. Едноставно сеедно ми е. Не сум сигурен дали е депресија или некоја нејзина форма. Се питам, посета на психолог би било добра идеа?

Убав викенд кајги
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.035
ДК
те молам реагирај малце со времево ова веќе не се трпи... Ај и полициски и глупости ама без сонце не можам, ми фали...
Да биде уште полошо ми искача сликата од лани ова време со бермуди во двор. Е па, крајно безобразно.
 
Член од
1 април 2020
Мислења
142
Поени од реакции
836
Dear K,

"What you tolerate is what you worry about."

Точно. Самоубиство од заседа сценарио.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.188
Поени од реакции
10.206
Драга,

Гледам сега омаж на шпански поет по име Хусто Хорхе Падрон кој во 1990 година добил Златен венец на Струшките вечери на поезијата. Неодамна починал, па сега МТВ му одава почит со некој мини омаж и во него ја пуштија неговата изјава од доделувањето на наградата.

Вика: "Сакам да и се заблагодарам на Македонија и на цела Југославија."

Ете тоа сме биле во Југославија, земја по име Македонија. Од распад на Југославија очигледно од држава стануваме заебанција.
 
Последно уредено:
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.066
Поени од реакции
74.730
Коронава неколку пати не натера да се собереме во некоја вукојебина и да имаме караоке настапои цела вечер. Не го давав микрофонот на никого. Цел комшилук ги знае моите вокални способности, рандом навивачки песни буквално секој ден, народно, селско, рап, рок, македонско, српско, англиско, нема граници :icon_mrgr:
Делумното работење од дома барем ме врати во времето кога саат време преку ден поминував во верглање на една иста песна. Од нигде никаде, хитот за неделава - Цвече за њу купујем, а мислим на тебе :boksix:
Втора на листата е Револуционерот од САФ. Налетав на некој рекординг од бог знае кога, каде што се снимам како ја рецитирам. Да не заборавам дека ја рецитирав и на еден конгрес, на рекреацијата после затворањето на неделниот настан. Се исклучив, во дополнување, ги терав луѓето да пејат „Шкендија сака репете“. Допирната точка со навивачки групи им е колку мене со кинескиот јазик.
Цвече за њу купујем е излезена во 2005 година, а секогаш ќе ме потсеќа на другар кој максимално ја популаризираше. И ја пееше на една селендра од маало, па и викаше ќе бидеш моја, ќе ти свршам во штиклата :pijanco:Никогаш не ја ќари.
Тогаш ќари една постара девојка, господ знае кај ја најде. Доаѓа кај мене, надвор 1000 степени, чекаме да падне сонцето и право на игралиште. Јас безделничам на распуст, гејмам ПЕС (или ИСС) на Сони кец. Забуљан во ТВ, не го контролирам што прави. Го гледам земал бел лист А4 и истура кечап врз него. Вака ја скинав вика. После вика, те дупам бе, втор сум и :ojeaa:
Легендарното сони го користев и за пуштање на музика. Како син на поштењачини кои не украле ништо во оваа држава (иако, имале шанса), технологијата кај мене доцнеше со години. Воглавно бевме канта за постарата генерација технолошки откритија на роднините. Така сонито го ќарив од братучед ми и маста му ја извадив. На крајот заглавуваше цело, па го вртевме со иглата и го фаќавме на сец за да се пушти. Имав 10-тина цедиња кои ги режевме кај другар. Од народни патриотски, српско, до Систем оф а даун. Секако, меѓу нив и оригиналот САФИЗАМ.
Пред секое поважно излегување, натпревар или тест во школо, обавезно се пушташе РАЦЕ ГОРЕ. А традицијата продолжи и на факс, па и после тоа.
Многу пати сум кажал, но ќе повторам уште еднаш. Една од работите кои нема да си ги опростам никогаш е што не отидов на концертот на САФ. Од јајцава ќе си каснам!
Додека во моментов оди Диско ремиксот на Рецепт, помислив на сите опеани ликови во песните на САФ.
Стево Карапанџа, Тони Манџа, Наќо скопски, Бошко луди не ми паламуди (од водач на Комити до гробар на групата), Игор Џамбазов, Амди Бајрам, Арчи, Блаже Конески, грофот Монте Кристо, Александар Дима, Жак Кусто, Грент Хил, Панчо Вила, Че гевара, Гоце Делчев итн.
Паралелно гледам мртов фудбал, енглеска прва лига. Фудбалот официјално го прогласувам за умрено. Ете им фудбал без навивачи, никаков жар, нека си играат за парите. Се чека на трето/четврто лигашката програма за викендов, да се олади малку мозокот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom